За нас

Курсеви

Списание

Истражувања

 ENG

 

 

35 ГОДИНИ
ЈОГА ВО МАКЕДОНИЈА
1972 - 2007


Јогата е живо знаење, "жив дух" кој без реализирани духовни учители не може да се пренесува. Тие, доаѓајќи на еден простор, како магнет почнуваат да ги привлекуваат луѓето што ги чувствуваат суптилните зрачења на духот. Овој феномен се случи на овие простори со доаѓањето на учителот Павлос К. Хасанагас во Скопје во март 1972 година.

Јогата е долготрајно тежнение на човечкиот дух да го достигне совршенството и бескрајот, па во однос на тоа, годините на јогата во Македонија и не се долг период. Но за една организација се значајни. Почнувајќи од 1972 па се до денес, многу работи што изгледаа невозможни, со голема посветеност и труд, беа реализирани.

Што всушност донесоа овие изминати години на полето на јогата?
 повеќе >>>

 


ИСТОРИЈА

1972 - Доаѓање на учителот Павлос и први индивидуални часови во Скопје
1978 - Први јавни курсеви, Клуб за меѓународно пријателство на млади, Скопје
1979 - Прв семинар по јога на Пелистер
1980 - Школа за обука на наставници по јога
1981 - Формирано Јога-друштво - Скопје
1982 - Прво научно медицинско истражување за јогата во соработка со Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје
1982 - Прв курс за деца во Центарот за слух, говор и глас во Скопје
1982 - Прв меѓународен семинар по јога
1982 - Прв меѓународен инструкторски семинар
1982 - Прв учебник за наставници по јога
1982 - Стручен прирачник за наставници
"Хата-јога - Водич во техниките на културата на телото и умот"
1983 - Прв број на стручно-информативен билтен "Јога"
1984 - Први терапевтски курсеви
1984 - Први курсеви за бремени жени
1985 - Формирано Јога-друштво - Струга
1985 - Започнување со манифестацијата Недела на јогата во Скопје
1986 - Формирано координативно тело на друштвата за јога во Македонија
1986 - Формирано Јога-друштво - Прилеп
1986 - Прва позначајна серија информативни прилози за јогата на МТВ
1987 - Формирано Јога-друштво - Битола
1989 - Формирано Јога-друштво - Штип
1990 - Секција за јога во Охрид
1991 - Центар за јога-наука во Скопје (активен до 2004)
1991 - Прва летна школа за јога во Охрид
1992 - Основан Јога-сојуз на Македонија
1992 -

Секција при Заводот за рехабилитација

на кардиоваскуларни заболувања во Охрид

1993 - Секција за јога во Велес
1993 - Издадена брошура "Јога - природен пат до здраво срце"
1994 - Прво учество со научни студии на меѓународни конгреси во Франција
1994 - Универзитетски јога-центар, Скопје
1995 - Списание "Јога - здравје и хармонија" (претходно билтен "Јога")
1996 - Центар за јога-наука во Скопје (активен до 2007)
1996 - Секција за јога во Куманово
1997 - Прв научен собир за јогата во Македонија
1999 - Секција за јога во Струмица
1999 - Секција за јога во Гевгелија
2000 - Секција за јога во Кичево
2001 - Формирано Јога-друштво - Велес
2007 - Секција за јога во Кавадарци
2007 - Секција за јога во Богданци
2007 - Центар за интегрална јога во Скопје


© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@mt.net.mk | www.yoga.org.mk