За нас

Курсеви

Списание

Истражувања

 ENG

 

"Оваа јога е за луѓе што живеат световен живот и се социјално активни, а не живеат изолирано во ашрам.

Затоа не учиме само како да медитираме, туку и како да се справиме со она што ни се случува во животот.

Ова е нов модел, модел на новото време што треба

да одговори и на другите сфери на животот на човекот

кои не се спиритуални."

П. К. Хасанагас

__________________________________________________

 

Јога-сојузот на Македонија е непрофитна организација со седиште во Скопје. Ја обединува активноста на друштвата и секциите во десетина градови во Македонија кои работат по системот на учителот Павлос Хасанагас.

 

Практичните курсеви се основната активност на друштвата која наставните тимови со голем ентузијазам ја одржувале во континуитет и во најтешките мигови во нашата земја. Се изучува интегралната јога, а предаваат професори и инструктори со богато јогиско искуство.

 

Сојузот организира и еднодневни и меѓународни семинари, јавни предавања, и трибини за јога и сродните области. Иницира и спроведува научни истражувања за јогата во релација со медицината и психологијата. Издавач е на „Јога - здравје и хармонија”, единственото списание за јогата и блиските области кај нас.

 

 

КОНТАКТ

ЈОГА-СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

адреса: Женевска 43, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: yogafm@mt.net.mk

web: www.yoga.org.mk

 

Логото на Јога-сојузот на Македонија

е стилизирана комбинација на познатиот цртеж на Леонардо

Да Винчи за пропорциите на човековото тело (Витрувиски човек)

и на танцот на Шива Натараџа, што го симболизира единството

на Западната и Источната култура.

35 ГОДИНИ ЈОГА
ВО МАКЕДОНИЈА

 

ТЕЛЕСНА ВИТАЛНОСТ

ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ
РЕЛАКСАЦИЈА
КОНЦЕНТРАЦИЈА
МЕДИТАЦИЈА

 

ЈОГА ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ
 
ЈОГА ЗА ДЕЦА
 
СПИСАНИЕ ЈОГА
25 ГОДИНИ

 

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@mt.net.mk | www.yoga.org.mk