За нас

Курсеви

Списание

Истражувања

 ENG

 

 

јогиска релаксација

ЈОГИСКА РЕЛАКСАЦИЈА

специјализиран едномесечен курс

за стрес менаџмент

 

23 септември - 21 октомври

вторник и четврток 20.15-21.30

2-25 декември

вторник и четврток  19.00-20.15

 

Курсот го води Стеван Милиќ, проф. по јога

пријавување на 072/620 510

 

 ФОТОГРАФИИ ОД центарот И ЛОКАЦИЈА  >>>

 

ЈОГИСКА РЕЛАКСАЦИЈА

Доколку сакате да научите барем една јогиска техника, во денешниот ритам на живеење можеби е најдобро тоа да биде релаксацијата. Јогините велат дека добро направена релаксација може да замени и неколкучасовен сон.

     

Лекарите и психолозите токму поради тоа ја препорачуваат релаксацијата како неопходна во справувањето со сите здравствени проблеми, а особено со оние кои се поврзани со стрес, како висок крвен притисок, астма, хроничен замор, несоница, анксиозност и др.

 

Програмата на курсот овозможува развој на свесноста за промените кои настануваат на физички и психички план под влијание на стресот, како и учење на методи за нивно ефикасно надминување. Содржи:

  • вежби за енергизирање на телото и подобрување на имунитетот

  • техники за динамична и статична релаксација

  • релаксација со музика и со визуелизација

  • техники на јогиско дишење кои делуваат смирувачки на умот и ги прочистуваат дишните патишта.

По завршувањето на курсот можете да се запишете на почетен курс или на курсот за Сурја намаскар.

--------------------------------------

Траење на курсот: 1 месец

Термини: 23 септември – 21 октомври (вторник и четврток 20.15-21.30)

     2–25 декември (вторник и четврток 19.00-20.15)

Цена на курсот: 1000 ден.

Пријавување на: 072/620 510

Уписот се потврдува со уплата на првиот час.

 

 КУРСOТ ГO ВОДИ

 Стеван Милиќ, професор по јога 
 Јога практикува од 1982 година.
Води едукативни курсеви  и  

 специјализирани курсеви. Предава во Школата за обука на наставен кадар

 во Јога-сојузот. Уредник е на списанието "ЈОГА - здравје и хармонија".

 Претседател е на Јога-друштво – Скопје.

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@mt.net.mk | www.yoga.org.mk