СО ЈОГА ПРОТИВ АСТМА И ДРУГИ БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА
Хроничните стресови, намалениот имунитет, физичката
неактивност и неправилното дишење се причина за
појава на респираторните заболувања. Нашите искуства
покажуваат дека системот на јога техниките има
позитивното влијание на целокупната респираторна
функција и превентивно делува на појава на астма
и други респираторни заболувања.
Позитивни дејства на респираторната реедукација:
• Свесност и контрола на дишењето. Пасивниот начин
на дишење преминува
во свесно, контролирано и длабоко вдишување и
издишување во сооднос со потребите на поединецот;
• Рационална и квалитетна хигиена на дишните патишта
со што се подобрува
нивната проодност;
• Ревитализација и подобра искористеност на респираторната
мускулатура
(дијафрагмата, меѓуребрените и стомачните мускули);
• Зголемување на еластичноста на белодробното
ткиво што овозможува негова
порационална искористеност.
Позитивните резултати на јога техниките во неколку
наврати клинички и спирометриски се верифицирани
на повеќе јога практиканти.
Астмата и другите белодробни заболувања се едни
од најактуелните социјално-медицински проблеми
на современиот свет. Современата медицина прави
постојани напори за намалување на морбидитетот
и мортралитетот од овие заболувања.
Од посебно значење се искуствата на Јога-сојузот
на Македонија во оваа област, добиени во соработката
со повеќе здравствени институции.
Истражувањата покажаа дека примената на системот
на техниките по јога има позитивното влијание
на целокупната респираторна функција, како начин
на примарна превенција на астма и хронични белодробни
заболувања.
Појдовна претпоставка беше дека неисправното користење
на дишниот апарат, што се должи на одсуството
на соодветна респираторна едукација, во комбинација
со другите етиолошки фактори (физичка неактивност,
недоволна респираторна хигиена, погрешно држење
на телото, хронични стресови, намален имунитет
и др.) претставуваат значајни фактори за постапно
манифестирање на вентилациона и респираторна инсуфициенција.
Факт е дека незначително внимание се посветува
на дишењето како еден од основните фактори за
одржување на здрав и природен начин на живеење.
Програмата по јога за интегрална реедукација
на сите елементи поврзани со дишењето овозможува:
• свесност и контрола на дишењето;
• рационална и квалитетна хигиена на дишните патишта
со што се подобрува нивната проодност;
• ревитализација и подобра искористеност на респираторната
мускулатура (дијафрагмата, меѓуребрените и стомачните
мускули);
• подобрување на телесниот став; исправеност на
телото заради непречено одвивање на респира-торните
движења;
• зголемување на еластичноста на белодробното
ткиво што овозможува негова порационална искористеност.
Со примена на техниките по јога се овозможува
комплетна примарна превенција поради тоа што:
• Се применува веќе докажан, осмислен и постапен
метод за едукација на дишењето;
• Се врши реедукација зашто човекот повторно се
учи и ги согледува своите дишни потенцијали со
што се подобрува квалитетот на дишењето;
• Од автоматски начин на дишење се преминува на
свесно, контро-лирано и длабоко вдишување и издишување
во сооднос со потребите на поединецот;
• Активното дишење позитивно дејствува на функцијата
на соседните органи - при абдоминално дишење се
масираат стомачните органи и се подобрува перисталтиката;
при градно дишење се масираат органите на медијстинумот-срцето
со големите крвни садови и хранопроводот;
• Се зголемува свесноста за начинот на живеење
и работење што ја зголемува одговорноста за унапредување
на сопственото здравје и живот. |