ЈОГА - ПРИРОДЕН ПАТ ДО ЗДРАВО СРЦЕ
Според светската здравствена организација, општата
популација најмногу страда од срцевите заболувања.
Причина за тоа е пореметената психофизичка рамнотежа.
Јогата како наука за човекот доведува
до:
• намалување на последиците од преголемата напнатост,
стрес, анксиозност и други психофизички проблеми,
• постигнување психофизичка опуштеност и стабилност,
• јакнење на организмот,
• постигнување свесност за начинот на живеење,
работата, одморот, односот кон самиот себе, другите
луѓе околината итн.
Јогата, по специјализирана програма, се применува
во режимот на рехабилитацијата на пациентите во
Кардиолошкиот завод во Охрид од 1992 г. Досега
курсевите ги посетувале 928, а успешно ги завршиле
351 пациенти.
Телесни подобрувања:
• зголемена кондиција и послабо заморање,
• зголемена еластичност,
• поефикасен физички одмор,
• намалување на болките во зглобовите и мускулите
и сл.
Психоментални подобрувања:
• поголема психичка смиреност и отпуштеност,
• подобрување на расположението,
• намалување на стравот од болеста,
• зголемување на самодовербата,
• помирно спиење,
• намалена нервоза,
• зголемена отпорност кон стресот,
• намалена депресија и сл.
Техниките по јога се изведуваат смирено, без
брзање, свесно, координарано со дишењето. Тие
не го оптеретуваат организмот и кардиоваскуларниот
систем дополнително туку го растеретуваат.
Теоретско-едукативниот дел од програмата содржи
предавања и разговори за принципите на јогата,
стресот и борбата против него, за исхраната, за
начинот на живот и промена на штетните навики,
за односот кон себе си, кон другите луѓе, работата,
околината итн. Во програмата влегуваат и практичните
упатства за свесно пешачење координароно со дишењето,
освестување и контрола на заморот.
Програмата е составена така што овозможува намалување
на последиците од преголемата напрегнатост, стрес,
анксиозност и други психофизички проблеми, јакнење
на организмот, постигнување психофизичка опуштеност
и стабилност, постигнување свесност за начинот
на живеење, работата, одморот, односот кон самиот
себе, другите луѓе околината итн.
Резултатите од примената на јогата
во рехабилитацијата на пациентите во Кардиолошкиот
завод во Охрид се сумирани во следните
студии:
• "Јогата како метод на рехабилитација на
кардиоваскуларни заболувања" - мај 1994
• "Јогата како комплементарен метод за рехабилитација
на пациенти по инфаркт на миокардот" - декември
1995
• "Примена на јогата во рехабилитацијата
на кардиоваскуларните заболувања" - октомври
1996
• "Јогата како комплементарен метод на рехабилитација
на пациенти после инфаркт на миокардот" -
јуни 1997
• "Јогата како комплементрен метод на секундарна
превенција на кардиовас-куларните заболувања"
- октомври 1998
• "Примена на јогата како комплементарен
метод на превенција, терапија и рехабилита-ција
на коронарната болест" - ноември 1999.
Презентирани на следните научни собири:
Петтиот светски конгрес за јога и холистичка медицина
во Анеси, Франција - мај 1994; на Третата меѓународна
конференција за јога, Бангалор, Индија - декември
1995; на Шестиот светски конгрес за холистички
живот во Каликат, Индија - јануари 1996; на Првиот
македонски конгрес за кардиологија во Охрид, октомври
1996; на Првиот научен собир за јога во Охрид,
јуни 1997; на Првиот конгрес на лекарите од превентивна
медицина на Македонија во Охрид, октомври 1998;
на Осумнаесетиот симпозиум за усовршување на лекарите
по општа медицина на Република Македонија во Скопје,
ноември 1999. |