ЈОГА СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Спонзорирано од:
Фондација Институт Отворено Општество Македонија
 
 
  НАСТАНИ - ТРИБИНИ

  31.01.2006
Тркалезна маса
РЕЛАЦИЈАТА ТЕЛО-УМ ОД СПИРИТУАЛНА И НАУЧНА ПЕРСПЕКТИВА
31 јуни 2006, Струга
Тркалезната маса се одржа на 29. Меѓународен семинар за јога во организација на Јога-сојузот на Македонија. Покрај учителот Павлос Хасанагас, во дискусијата учествуваа д-р Благоја Ѓорѓиески, спец.физијатар и инструктор по јога, и Катерина Наумова, психолог и асис.инструктор по јога. Нивните излагања беа посветени на паралелата помеѓу јогиското и научното толкување на врската меѓу телото и умот, со посебен осврт на медицината и психологијата.
повеќе...

  17.01.2002
ТРИБИНА ЗА ЈОГАТА ЗА ЛЕКАРИТЕ ВО ВЕЛЕС
17 октомври 2002
Јога-друштвото - Велес, во соработка со Здружението на лекарите од истиот град, а по повод на јубилејот "30 години јога во Македонија", на 17 октомври 2002 г. организира трибина за лекарите од Медицинскиот центар во Велес.
повеќе...

  13.01.2002
ЈОГА ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ
13 март 2002
Насмевки, радост и чувства што допираат длабоко во срцето се првите импресии од трибината "Јога за бремени жени" што ја организира Јога-друштвото - Скопје на 13 март 2002 година, како дел од програмата за одбележување на јубилејот - 30 години јога во Македонија.
повеќе...

  04.01.2001
Трибина
ЈОГА ЗА ЛУЃЕТО ВО ТРЕТАТА ДОБА
4 април 2001
Трибината се одржа во склопот на манифестацијата Недела на јогата во Скопје, на 4 април 2001 година во Домот на хуманитарните организации "Даре Џамбаз". Идејата беше да се отворат нови видици и размислувања за стареењето: Дали може третата доба да биде време на креативност и мудрост акомулирани со годините? Зар слабоста, болестите и стравот од смртта не се само наследство од погрешно усвоениот модел на размислување? Можеби од нас зависат долговечноста и бистрината на умот!
повеќе...

  01.06.2000
ТРИБИНА ЗА ЈОГАТА ВО ОХРИД
1 јуни 2000
Во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и Јога-секцијата од Охрид на 01.06.2000 во просториите на Црвениот крст се одржа Трибина за природата на јогата, нејзината применливост во современиот начин на живеење и нејзината корелација со медицинита, посебно во однос на психосоматските заболувања и проблеми, спортот, образованието на младите, влијанието на јогата врз стресот и слично.
повеќе...
од 1 до 5 од вкупно 5
(c) Copyright 2003 - Joga Sojuz na Makedonija, All Rights Reserved.