ЈОГА СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Спонзорирано од:
Фондација Институт Отворено Општество Македонија
 
 
  НАСТАНИ - СЕМИНАРИ

 30.01.2006
29. Меѓународен семинар за јога
ТЕЛОТО И УМОТ – ИНСТРУМЕНТИ НА ДУХОВНИОТ РАЗВОЈ
30 јуни до 1 јули 2006, Струга
Секој во својата лична практика доаѓа до момент кога се среќава со моќта на телото и на умот наспроти нивната ограниченост. Тогаш се поместува границата на нашето разбирање за тоа што е телото и како функционира, колку е силно влијанието на умот и колку нераскинливо се тие испреплетени.
повеќе...

 01.02.2005
28. Меѓународен семинар за јога
24. Меѓународен семинар за инструктори
ЈОГАТА И АЈУРВЕДАТА – СПИРИТУАЛНАТА ДИМЕНЗИЈА НА ЗДРАВЈЕТО И БОЛЕСТА
Семинарот се одржа во хотелот Метропол, во Струга, во периодот 1-3.07.2005 г., под водство на учителот Павлос К. Хасанагас и со учество на Габриело Фереро и Елена Сикарди, доценти за ајурведска масажа, биоенергија и лимфодренажа при Интернационалната школа за холистичка и натуропатска естетика „Ил Мелограно“ во Савона, Италија.
повеќе...

 26.01.2004
СЕМИНАР СО ИРЕНА ЕДРОВСКА
"Јога за хармонична бременост и природно породување"
Семинарот што се одржа под водство на учителот Ирена Едровска на 26.09.2004 г. во Центарот за јога-наука во Тафталиџе 2, Скопје, беше од отворен тип и на него присуствуваа триесетина учесници од повеќе центри, а меѓу нив беа и оние кои најдиректно се засегнати од темата - бремените жени.
повеќе...

 10.01.2003
СЕМИНАРИ СО ФРЕДЕРИК ЛЕБОАЈЕ
10.-11. 5. 2003
Господин Фредерик Лебоаје е човек кој многу патува и речиси нема европска земја во која не бил канет да држи семинари првенствено наменети за бремени жени, бабици, гинеколози, педијатри. Беше гостин на Јога-сојузот и учесниците на двата еднодневни семинара уживаа во неговата едноставност, духовитост и енергичност.
повеќе...

 26.01.2002
25. Меѓународен семинар за јога
21. Инструкторски семинар
ЈОГИСКА ПСИХОЛОГИЈА
"Во потрага по сопствениот идентитет" беше првото од трите предавања што ги одржа учителот Павлос К. Хасанагас во рамките на јубилејниот 25. Меѓународен семинар за јога. Во хотелот Горица во Охрид 120 практиканти од сите друштва во рамките на Јога-сојузот на Македонија ја идентификуваа и преиспитуваа сопствената потрага.
повеќе...

 27.09.2001
Советување, 27 септември 2001, Земјоделскиот факултет
АСПЕКТИ НА ЗДРАВАТА И ПРАВИЛНАТА ИСХРАНА
Современите технолошки трендови на производството на храна во светот се почесто ја наметнуваат потребата од производство на еколошки здрава храна, како и за нејзино правилно подготвување.
повеќе...

 13.01.2000
Стручен семинар
ДИЈАБЕТИЧНА БРЕМЕНОСТ
На 12 и 13. 6. 2001 година во хотелот Континентал се одржа работилница за ургентни и метаболни состојби во ендокринологијата, со посебен осврт на дијабетичната бременост.
повеќе...

 01.06.1996
Семинар, 1 јуни 1996
АЛТЕРНАТИВИ ВО ЗДРАВАТА ИСХРАНА
"Алтернативи во здравата исхрана" е проект преку кој е изведено информационо истражување за различните системи за здрава исхрана и живеење.
повеќе...
од 1 до 8 од вкупно 8
(c) Copyright 2003 - Joga Sojuz na Makedonija, All Rights Reserved.