Јога сојузот на Македонија, традиционално, неколку пати во годината се појавува на различни сајмовите во Скопје, на кои претставува различни сегменти од својата работа.
Во периодот од 30 септември до 4 октомври оваа година, прв пат се одржа саемот АлтраВИТА. Саемот се одржуваше под покровителство на министерот за животна средина и просторно планирање.Основната идеја на саемот беше претставување и промовирање на алтернативните облици на медицина, здравите начини на исхрана и начините на создавање и одржување на чиста и квалитетна животна околина. Учествуваа голем број излагачи од републиката и од соседните земји.
Јога-сојузот на Македонија во своите активности како дел од Неделата на јогата го забележа и учеството на Саемот на медицина што се одржа од 1 до 4 април 2003 година. Лекарите сè почесто ја препорачуваат јогата како одлична превентива и куратива за голем број заболувања.
Саемите на медицината во Скопје се едно од местата каде што редовно се претставува една од главните активности на Јога-сојузот, истражувачката работа, но и специјализираните програми за јога.
Годинашното претставување на активноста на Научно-истражувачкиот одбор при Јога-сојузот на Македонија, на Саемот на медицината беше осврт на можностите на холистичкиот приод во унапредувањето на здравјето.