|
ПРОМОЦИЈА
НА КНИГАТА
ХАТА-ЈОГА ПРАДИПИKА
во превод и издание на
Јога-сојузот на Македонија
11
декември 2011, Скопски саем

На промоцијата на
присутните им се обратија наставниците по јога Стеван Милиќ и Катерина
Наумова чиј е преводот на делото, како и учителот Павлос К. Хасанагас кој
го напиша предговорот.

Преведувачите говореа
за убавината и потешкотиите на кои се наидува при процесот на преведување
на еден ваков древен текст. Обидите на текстот да не му се одземе ништо од
неговата автентичност, а истовремено преводот да успее да го „дофати“ и
духот на новото време, на новите читатели.
Учителот Хасанагас ја нагласи важноста на преведувањето на едно вакво дело
на македонски јазик, што на нашите простори секако е одговорност на
Јога-сојузот на Македонија како прва и најстара јогиска школа.

Беше најавена и
следната, четврта по ред книга на Сојузот, која треба да се појави
следната година како дел од одбележувањето на јубилејот 40 години
континуирано предавање на јога во Македонија.


|