За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN

 

 

 



ПАВЛОС К. ХАСАНАГАС

основач на Јога-сојузот на Македонија

 

Павлос К. Хасанагас е учител по јога, за чие име е врзано организираното пренесување на јогиското учење во Македонија. Јога почнал да предава во Романија, во 1969 година, а од 1972 до 1987 година живееше во Македонија. Денес живее и предава во Грција, а во Македонија доаѓа неколку пати годишно, кога одржува предавања и семинари за практикантите и наставниците во Јога-сојузот на Македонија.

Може да се рече дека секој учител има своја мисија. Павлос К. Хасанагас спаѓа во онаа група учители на кои можеме да им заблагодариме за тоа што јогата им ја пренесуваат на луѓето во една прочистена и јасно разбирлива форма.

Неговото учење се базира врз класичната јога на Патанџали, која тој ја приспособува за современите потреби на луѓето, без да се загуби нејзината суштина. Препознавајќи ја нужноста од синтеза на разни видови јога, ова знаење го пренесува во форма на интегрална јога, зашто само на тој начин може да се овозможи сеопфатна духовна трансформација на човекот.

Го негува традиционалниот начин на предавање – живо и директно пренесување на учењето. Разви автентичен методолошки пристап во предавањето на јогата, но и во обучувањето на наставници.

За да се популаризира јогата во разни форми, активноста ја насочи на повеќе полиња:

Суштинската вредност на неговиот метод е во тоа што му помага на човекот не само полесно да ја разбере јогата туку и да го апсорбира и да го вгради ова древно знаење во својот живот.

Усовршувањето на методологијата е негова постојана преокупација во насока на решањето на проблемите и дилемите што не се последица само на незнаењето туку и на тешкотиите што произлегуваат од времето во кое живееме и од начинот на кој живееме, од социјалното опкружување и од културолошките разлики.

Го карактеризира отвореност кон други духовни системи во кои се обидува да ги открие и поврзе заедничките фактори. Но, од друга страна, постои и неговиот интерес за релацијата меѓу јогата и современата наука.

Во книгата "Јога - духовна одисеја" е претставено неговото толкување на клучните духовни, филозофски и психолошки концепти на јогата, додека книгата "Садана - јогиска практика" е приказ на неговиот оригинален методолошки приод во предавањето.

Претседател е на Меѓународната асоцијација на центри за јога наука, генерален секретар е на Светската федерација за холистички здравствени науки, почесен член на Индиското друштво за клиничка ајурведа.

 

 

40 ГОДИНИ ЈОГА

ВО МАКЕДОНИЈА

Јога за бремени жени
Јога за деца
Списание Јога

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk