|
СЕМИНАРИ
Семинарите се места каде што јогата најинтензивно се чувствува и се учи.
Неколку пати годишно Јога-сојузот организира еднодневни семинари под
водство на учителот или на професорите, а на почетокот на летото
организира тридневен меѓународен семинар.
МЕЃУНАРОДНИ
СЕМИНАРИ
За практикантите и за наставниците по јога традиционално се одржуваат
еднаш годишно под водство на учителот Павлос К. Хасанагас.
Во планинарскиот дом "Копанки" на Пелистер, 1979 година
започна традицијата на овие семинари, за да минатата година се
одбележи јубилејниот 30-ти.
[повеќе
>>>]

Во нивната
тридневна програма се застапени хата-јога часови, медитации, предавања,
сатсанзи, слајд-проекции, прошетки по природните и културни
обележја во околината, некогаш и прилози на стручни
соработници од јогата, медицината, акупунктурата,
психологијата и друго.

Семинарите
ја афирмираа школата во меѓународни рамки. Во убавиот амбиент
крај реката Радика во Леуново, во тивката природа на Матка, на
падините на Пелистер и Крушево или крај разбрануваната
охридска ривиера, неколку дена интензивно се живее јога.

Стручните
предавања на учителот, како: "Местото и улогата на јогата
во секојдневниот живот" од 1982 година, што следните
години продолжија со: "Јогата како начин на живот и состојба
на духот", "Филозофија на јогата и западниот начин
на живеење", "Курукшетра 2001", "Јогиска
психологија", "Пречките на спиритуалниот пат",
"Духовната практика во современиот свет", "Неповредување,
толеранција, љубов", "Спиритуалноста на Истокот
и Западот", "Учител, ученик и учеништво во духовната
практика", па се до содржините што ја допираат практиката:
"Јогасанас", "Пранајама", "Медитацијата и умствените
потенцијали на човекот", ја отворија темата
за јогата како практична филозофија за облагородување и хармонизирање
на секојдневието.


|