|
Пролет/Лето
2010
Есен/Зима
2009
-
Наставен семинар
со Учителот
-
Промоција на книгата „ЈОГА - духовна одисеја“ од учителот Павлос Хасанагас
-
Семинар со Учителот во Скопје
-
Семинар со Учителот по повод 20 години Јога-друштво - Штип
Пролет/Лето 2009
-
Сатсанг со Учителот по повод Гуру
Пурнима
-
32.Меѓународен
семинар со Учителот
-
Предавање
за ајурведа и јога
-
Наставен семинар
-
Предавање
за ајурведа
-
Семинар со Учителот за Слободата
-
Намасте
- импресии од духовно патување во Непал
Есен/Зима 2008/09
Пролет/Лето
2008
Есен/Зима 2007
-
Наставни
семинари
-
Семинар
со
учителот
за Вивека
-
Семинари
за Пранајама и Пранамаја-коша
-
Нови
секции во Кавадарци и Богданци
-
Семинар со учителот по повод 20 години Јога-друштво - Битола
|
33. МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ПО ЈОГА
под водство на Учителот Павлос Хасанагас
SUKHA &
DUHKHA - ЗА СРЕЌАТА И СТРАДАЊЕТО
11-13 јуни 2010,
Охрид, х. Метропол

фотографии
>>>
|
НАСТАВEН
СЕМИНАР
САМОЕДУКАЦИЈАТА НА НАСТАВНИКОТ ПО ЈОГА
9
мај 2010, Центар за интегрална јога, Скопје

Семинарот се одржа под водство на Стеван Милиќ
и Ванчо Тасески, професори по јога и Благоја Ѓорѓиески, постар
инструктор
|
25 ГОДИНИ „НЕДЕЛА НА
ЈОГА“ ВО МАКЕДОНИЈА
Март
е месец во кој, почнувајќи од 1985 година, со
манифестацијата
„Недела на јога“ традиционално се одбележуваат
почетоците
на пренесувањето
на јогиското учење во
Македонија

23
МАРТ 26
и 29 МАРТ 27 и 28 МАРТ
ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМ САТСАНЗИ СО УЧИТЕЛОТ СЕМИНАРИ СО УЧИТЕЛОТ
ВО СКОПЈЕ ВО СКОПЈЕ
И ВО ПРИЛЕП ВО БИТОЛА И ПРИЛЕП
фотографии >>>

|
НАСТАВEН
СЕМИНАР СО УЧИТЕЛОТ
МОТИВАЦИЈАТА НА НАСТАВНИКОТ ПО ЈОГА
17
јануари 2010, Центар за интегрална јога, Скопје


|
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА
„ЈОГА-ДУХОВНА ОДИСЕЈА“ од УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС К. ХАСАНАГАС
13
декември 2009, Музеј на град Скопје

повеќе фотографии
>>>
До
март 2010 промоции на книгата се одржаа и во Прилеп, Велес
и Штип.

|
|
СЕМИНАР СО УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС ХАСАНАГАС
РАЗБИРАЊЕ НА ЈОГА ВО ОВОЈ КОНФУЗЕН СВЕТ - втор дел
13
декември 2009,
Скопје

Семинарот се одржа во Мулти Бизнис Центарот на Скопскиот
саем.
Учествуваа 70-тина практиканти од Јога-сојузот на
Македонија.


|
|
СЕМИНАР СО УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС ХАСАНАГАС
по повод 20 години Јога-друштво - Штип
РАЗБИРАЊЕ НА ЈОГА ВО ОВОЈ КОНФУЗЕН СВЕТ
18
октомври 2009,
Штип

Семинарот се одржа во Собранието на град Штип.
Учествуваа 70-тина практиканти од Јога-сојузот на
Македонија
и гости од Алжир и Германија.


|
|
САТСАНГ СО УЧИТЕЛОТ
Павлос Хасанагас
ПО ПОВОД
ГУРУ ПУРНИМА -
ДЕНOT НА
ДУХОВНИТЕ УЧИТЕЛИ
7 јули
2009, Центар за интегрална јога, Скопје

Гуру Пурнима е
празник
на духовните учители
(гуруа), што секоја година се
прославува на денот на првата полна
месечина (пурнима) во месец јули.
Еден од начините да се одбележи овој ден е сатсангот
(„средба со вистината“), што претставува можност учениците
во директен контакт да му поставуваат прашања на својот
учител за теми кои го засегаат нивниот духовен развој.
 
|
|
32. МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ПО ЈОГА
под водство на Учителот Павлос Хасанагас
ДУХОВНОСТА, НИЕ И УНИВЕРЗУМОТ
3-5 јули 2009,
Струга, х. Макпетрол
|

На семинарот
учествуваа практиканти од Јога-сојузот на
Македонија
и гости од Алжир.
фотографии
>>>
|
|
ПРЕДАВАЊЕ
ЗА АЈУРВЕДА И ЈОГА
за
наставниот кадар на Јога-сојузот на Македонија
др.Викрам Чаухан, магистер по
ајурведска фармакологија
28 јуни
2009, Центар за интегрална јога, Скопје


Предавањето ги
опфати следниве теми: основни концепти во ајурведа,
релацијата меѓу ајурведа и јога, јога како терапија,
Аштанга-јога на Патанџали...
|
|
НАСТАВEН
СЕМИНАР
под водство на професорите
Ванчо Тасески и Стеван Милиќ
31
мај
2009, Центар за интегрална јога, Скопје
 
|
|
ПРЕДАВАЊЕ
АЈУРВЕДА -
УМЕТНОСТ НА ПОСТОЕЊЕТО
др.Викрам Чаухан, магистер по
ајурведска фармакологија
28 април
2009, Центар за интегрална јога, Скопје



|
|
СЕМИНАР СО УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС ХАСАНАГАС
ЗА СЛОБОДАТА И ОГРАНИЧУВАЊАТА
29 март
2009, Велес
„...Свемирот ни ја даде целата Слобода. Проблемот е
што
ние правиме со тоа. Дали некогаш
успеавме да сфатиме
што е слободата? Дали се запрашуваме
зошто
ни е дадена и кон
што
цели Природата давајќи ни ја?! (па макар и само како една можност.)

Дали претставата
што
ја имаме за слободата е нејзината вистинска слика? Во
што
се состои природата на слободата и на пречките,
како и на ограничувањата
кои не одвојуваат од неа? Дали навистина сакаме да ја придобиеме таа
слобода? Дали се плашиме
повеќе
од неа
или од ограничувањата?
Овие се само неколку од оние „големи“ прашања
за кои треба сите да размислиме и за кои вреди да се истражува...“

На
семинарот учествуваа 70-тина практиканти
од сите
центри во Јога-сојузот на Македонија
|
|
НАМАСТЕ
ИМПРЕСИИ ОД ЕДНО ДУХОВНО ПАТУВАЊЕ ВО НЕПАЛ
Јасмина Кантарџиева, новинар
27 март
2009, Центар за интегрална јога, Скопје

 
|
|
НАСТАВEН
СЕМИНАР
градација во наставата по јога
метоДИКА на настава на напредни курсеви ПО ЈОГА
25
јануари 2009, Центар за
интегрална јога, Скопје
Семинарот се одржа под водство на професорите
Ванчо Тасески и Стеван Милиќ
|
|
СЕМИНАРИ СО УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС ХАСАНАГАС
ОД BHAYA ДО NIRBHAYA И ПОНАТАМУ...
- стравот и патот до ослободување од него -
20 и 21 декември
2008, Центар за интегрална јога, Скопје
„Храброста не е спротивност на стравот - храброста е
начинот
на
кој се соочуваме со стравот. Треба да научиме да живееме
во
сегашноста, во сега и овде. Треба почесто да се прашуваме:
Кој
сум јас? и Каква е нашата врска со Господ? Добро е редовно
да се сеќаваме на смртта на еден освестувачки начин и
многу е важно
да
научиме да се молиме. Потоа, треба да знаеме да даваме и
да ја освестиме моќта на љубовта. А медитацијата е врвната
техника
со
која се враќаме во нашето тежиште со што престанува секој
страв.“

Поради
големиот број заинтересирани, семинарот беше организиран
во два дена. На двата семинара учествуваа околу 100
практиканти од Јога-сојузот на Македонија.

На овие
семинари, кои претставуваа продолжение на семинарот одржан
во октомври во Велес, Учителот се задржа на ситуациите при
кои доаѓаме во контакт со стравот како општа категорија и
нашите конкретни стравови, како и начините на кои се
справуваме со нив.

Учителот го посочи нашето чувство на одвоеност од целината
како основна причина за постоење на стравот и извор на
сите наши мали и големи стравови. Ја нагласи и
суштествената важност на повторното освестување на нашата
поврзаност со целината како пат кон целосно ослободување
од стравот.
„Колку време ние сме одвоени? Се додека ние сме две
различни работи,
јас
и целината, јас и вие, јас и она што постои понатаму од
границте на мојот ум, се дотогаш ќе се плашиме. Се додека
не знам од каде доаѓам,
јас
ќе се плашам. Се додека не знам дека сум плод на еден
спиритуален развој, на многу животи, јас ќе се плашам. Се
додека не знам каде се наоѓам и не знам што е тоа што се
случува, јас ќе се плашам. Се додека не знам кој сум, што
сум, се дотогаш јас ќе се плашам. Се додека не дознаам кон
каде одам, што е мојата цел, што се очекува од мене и што
треба да направам, јас ќе се плашам.“
Во
рамки на семинарот, Учителот ја промовираше Мартина
Самарова, која работи под негово директно водство, во
наставно звање.
Впечатоци на учесниците
Наташа
Тодевска, Центар за интегрална јога, Скопје
Ова ми е прво искуство и за мене е многу интерсно и
несекојдневно. Поинтересно е од тоа што јас го очекував,
затоа што има активен контакт со Учителот и сите
разговараме. Тоа е малку застрашувачко, затоа што
прашањата сепак по малку застрашуваат кога вистински ќе
размислиш за нив. Но многу е интересно да се запрашаме
каде сме, што сме, кои сме. Овие прашања не ги слушам прв
пат - сме читале, сме ги слушале, но ретко влегуваат кај
нас во животот, во практиката. Познати ми се горе-долу
сите овие работи, но сега се на поинаков начин
интерпретирани и пренесени се малку да те заскокоткаат.
Имам свои стравови и мислам дека сега ќе можам да им
пријдам на нов начин, малку посигурно, да им пријдам од
различни агли и да ги разгледам на различни начини.
Александар Димески, Јога-друштво - Прилеп
Сум бил на неколку семинари и секој ми дава посебно
доживување и поинаков ефект во секојдневниот живот.
Конкретно овој ми посочува едно вистинско соочување со она
од што честопати знаеме да избегаме и да не сакаме да се
соочиме. Ме тера многу повеќе да размислувам за работите
кои мене ми предизвикуваат страв, да се соочам со нив,
сето тоа да го надминам и да живеам еден малку поинаков
живот и поинаку да се снаоѓам во моето секојдневие. Да
гледам многу похрабро и да можам поправилно да ги
перцепирам сите работи што ми се случуваат и да откријам
што е она што мене ме плаши и ми претставува страв.
Весна
Лозановска, Јога-друштво - Битола
Конкретна помош од семинарите ми е препораката да почнам
да го свртувам вниманието кон себе, да живеам со себе. Да
се соочам со стравот е другата битна работа што ми
помогна. За сето ова што го слушнав можам да кажам дека
треба да работам за да видам и практично како е. Сега го
слушнав како насока во која треба да се движам понатаму, а
сум решена и да го применувам, затоа што мислам дека треба
многу да се работи.
Златко
Јонески, Јога-друштво - Прилеп
После семинарите на Учителот се менува начинот на гледање
на работите. Иако имам стравови, мојот однос кон стравот
сега е послободен. Се плашам јас и понатаму, но поинаку
почнувам да размислувам, послободно можам да се соочам, не
да се стегам и да се повлекувам поради некоја
неодговорност да го направам тоа што сум го сакал. Овие
сознанија ме прават поодговорен, похрабар да го правам тоа
што сакам да го правам. Ми даваат слобода и ми отвораат
пат да се соочам со стравот, да го прифатам и да го
разберам.

|
|
СЕМИНАР СО УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС ХАСАНАГАС
по повод 15 години Јога-друштво - Велес
BHAYA
-
За
стравот, неговата световна и спиритуална природа
и патот до ослободувањето - една јогиска перспектива
18
октомври 2008, Велес
“Стравот е влезен во нас како прашина во еден многу сложен
механизам.
Зад секој наш чин, зад секоја наша мисла, зад
секој наш збор се крие стравот... Првиот чекор е да
осознаеме што е стравот и да се зближиме со него, наместо
да бегаме од него и кон него.“

Семинарот се одржа во просториите на Oпштина Велес.
Учествуваа околу 120 практиканти од Јога-сојузот на
Македонија.
Учителот зборуваше за тоа што е стравот, како се јавува, од
кога постои во нас,
од што се плашиме, зошто се плашиме и како се плашиме...
„...Човекот доаѓа во овој живот со стравот склопчен во него.
Првиот ден со раѓањето го доживуваме првиот страв и тука
почнува сè.
Потоа
како растеме, растеме во страв...Сите стравови кои ќе ги
доживееме,
ќе го диктираат начинот на кој понатаму ќе реагираме.”

Незнаењето (авидја) за нашата вистинска природа е главната
причина за сите стравови. Учителот стави посебен акцент на
клешите (внатрешните потсвесни или свесни пречки
за духовен развој) и нивното разрешување како пат до
ослободување од стравот.
„…Не е важно каков е човек во здравјето, важно е каков е во
болеста.
Не е важно каков е човекот во среќата, важно е каков е кога
е во несреќа.
Не е важно каков е човекот во богатството, туку каков е во
сиромаштијата.
Не е важно каков е човекот кога е во лажна сигурност, туку
каков е во стравот…
Во моментите на
слабост е мерката на човекот.”

Професорот
Стеван Милиќ зборуваше
Честитки за јубилејот до Анастазија
за своето искуство во соочувањето
Терзијева-Илиева, претседател на
со стравот од смртта
Јога-друштво - Велес од другите
друштва во Јога-сојузот
„...Стравот е голем учител. Може да не научи на сè.
Само да знаеме да слушаме. Секој миг е лекција.
Можеме да се справиме со стравот и да го победиме.
На тој начин победуваме дел од себеси...”
Изјави
за семинарот на учесници од Јога-друштво - Велес
„Од семинарот сум инспириран од повеќе причини. Се
зборуваше за една многу важна и многу суптилна тема, за
која повеќето луѓе дури и не сакаат да разговараат. Некои
ја сметаат за банална, некои за неважна, а всушност тоа е
нашиот најголем проблем. Стравот од кој започнуваат сите
наши проблеми и сите наши болести. После предавањата на
Учителот се чувствувам посигурен во наредните чекори во
практикуавњето јога и мислам дека ќе бидам поуспешен
отколку досега.“
Слободан Димовски
„Во секојдневниот живот стравот не опкружува постојано, а
не знаеме како да се справиме со него. Во тој контекст
семинарот е многу поучен. Ќе се обидеме да отстраниме
некои од стравовите, со некои можеби ќе ни треба повеќе
време да се справиме и да ги освестиме, пред се од каде
доаѓаат, зашто не знаеме секогаш како дошло до тоа да се
плашиме од некои работи... Секогаш кога ќе го видам
Учителот добивам повеќе енергија и повеќе волја да
направам некои работи во својот живот.“
Малинова Звезданка
„Посебен впечаток ми остави делот кога зборуваше
професорот Стеван за неговото лично искуство, ме трогна.
Иако тоа што го кажа мислам дека честопати ни се случило,
можеби не толку блиски средби со смртта, но некои работи
што ни го промениле погледот на светот и како да реагираме
во одредени ситуации. Ги освестив сите стравови што ги
чувствувам и што сум ги чувствувала уште откако сум се
родила. Се надевам дека ќе бидам посвесна во иднина кога
ќе чувствувам одреден страв, да можам да го отстранам или
да се соочам со него што е можно подобро.“
Елена
Кузманова
|
|
НАСТАВEН
СЕМИНАР
Изведба и корекции на техники од вјајама, на асани и на
банди
27
септември
2008, Центар за
интегрална јога, Скопје

Првиот
дел од семинарот, посветен на правилната изведба и начинот
на корекција на подготвителните јогиски техники (вјајама)
и на телесните положби (асани), беше наменет за
демонстраторите и асистентите во Јога-сојузот, а го водеа
инструкторите Анастазија Терзијева-Илиева, Весна Петровска
и Оливера Митревска-Вељковиќ. Во вториот дел, професорот
Ванчо Тасески го демонстрираше начинот на изведба на
невромускулните контракции (банди) и го објасни нивното
значење во јогиската практика.
|
|

ГУРУ ПУРНИМА
ДЕН НА
ДУХОВНИТЕ УЧИТЕЛИ
18 јули
2008
Гуру
Пурнима е
традиционален празник на духовните учители,
што се
прославува на денот на полна месечина (пурнима) во месец
јули.
По тој повод, во сите центри на
Јога-сојузот, вечерта на 18 јули, се одржа заедничка
медитација, посветена на духовната врска на учениците со
Учителот.
|
|
Вообичаено е на овој ден, во директна средба или преку
медитација, учениците да ја
искажат почитта и благодарноста
кон Учителот. Овој ден
истовремено претставува и
можност за секој ученик да направи ретроспективен преглед на својот духовен
напредок во изминатата година.
|
|
31. МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ПО ЈОГА
под водство на Учителот Павлос К. Хасанагас
ЗА ЉУБОВТА - ПОМЕЃУ МИТОВИТЕ И ВИСТИНАТА
27-29 јуни
2008,
Струга, х. Бисер
|

На семинарот
учествуваа 70-тина практиканти од Јога-сојузот на
Македонија
и гости од Германија, Нов Зеланд и Сад.
фотографии
и изјави на учесници
>>>
|
|
ПРЕДАВАЊЕ
Со
јогата против напнатоста и стресот и до подобро здравје
7 мај
2008, Охрид
|
Во организација на детската градинка
„Јасна
Ристеска“
од Охрид и Јога-секција
-
Охрид, професорот Ванчо Тасески одржа
предавање наменето за вработените во детската градинка.
Во воведното излагање
тој се задржа
на природата на напнатоста и стресот, нивните симптоми и
последици и како јогата може
да помогне во справување
со нив во секојдневниот
живот.
Во дискусијата потоа присутните ставија акцент на
конкретните карактериски од оваа проблематика во нивната
професија во воспитувањето
и грижата
за децата во градинката.
Практичните
часови
по јога за заинтересираните вработени во градинката се одржуваат
во детската градинка “Развигорче” секој понеделник и среда
со почеток
во 16.45
ч. 
|
|
СЕМИНАРИ СО УЧИТЕЛОТ
ПАВЛОС К. ХАСАНАГАС
ОДРЖАНИ ВО МАРТ
|

Наставен семинар
САТЈА И АСАТЈА - Етички проблеми во наставата по јога
29 март
2008, Центар за
интегрална јога, Скопје
„Јогата
е патот во потрага по вистината. Овој пат мора да се направи
со мали чекори. Треба да почнеме со мали вистини. Тие ќе не
доведат до големата вистина.“
Павлос
К. Хасанагас
На семинарот,
Учителот
ја истакна огромната важност и одговорноста на секој
наставник за разликувањето и препознавањето на лагата и
вистината во процесот на учењето и пренесувањето на јогата.
Проблемот со сатја
(вистинољубивоста)
и асатја
(лагата),
важноста на соочувањето и разрешувањето на овој проблем, и
како тој елемент на вивека
(разликувањето)
да стане елемент на едукација на учениците, како практично
да им се пренесе - тоа беа клучните прашања кои беа
анализирани
од
Учителот и
наставниците во Јога-сојузот.
„Една
вистина си е доволна сама на себеси. Една лага не е доволна
сама на себеси. Секогаш има потреба да се поткрепи со една
нова лага... и нова...и така до бескрај...“
|
|

Семинар за практикантит
САТЈА И АСАТЈА -
Патот
на вивека во препознавањето
и разбирањето на лагата и
вистината
30
март 2008, МБЦ, Скопски саем
“...Вивека е способноста на умот да разликува не само добро
од лошо, важно од неважно,
туку и разликување на лагата од вистината, зашто како можеме
да знаеме што е доброто ако не ја знаеме вистината за
доброто...”
Зошто да не лажеме? Што се случува кога лажеме, а што кога
ја кажуваме вистината? Која е користа од вистината? Која е
разликата помеѓу органската и теоретската вистина? Зошто
лагата ја има таа моќ на негативноста? - беа дел од
прашањата кои беа обработени во текот на предавањата на
Учителот.
На еден едноставен, практичен начин,
семинарот ја задржа динамиката од почетокот до самиот крај.
Преку примерите од секојдневното соочување со лагата и
вистината, различните нијанси и степенувања во нивното
разликување, Учителот ја доближи оваа тема до учесниците на
семинарот.
“... Ние сме сведоци на вистината, зашто сме учесници во
секој чин на животот... Дури и кога лажеме, постои еден дел
од нас кој ја знае целата вистина. Прашање е само на време
кога вистината ќе сака да излезе на површина предизвикувајќи
немири во нас, било да станува збор за некоја
„мала“
или
„голема“
лага, за некоја полулага или
полувистина.
Наше е да избереме. Дали ќе ја сакаме повеќе лагата или
вистината...” 
Изјави
за семинарот на учесници од Јога-друштво - Скопје
„Очекував
интересен семинар, но воопшто не очекував така да влијае на
мене. Беше релаксирано, а во исто време многу моќно. Заминав
дома со безброј прашалници во главата. Чудно е дејството на
јогата, почнуваш да се прашуваш, размислуваш и се грижиш за
многу работи кои претходно си ги сметал за неважни - како за
најмалите безопасни лаги.
Размислувам и за вистината која ја кажувам, вистина ли е?
Лесно е човек да престане да ги лаже другите, но како да не
се лажеме себеси и како да откриеме што се се лажеме? Тоа е
потешкиот дел.“
Марјана Вучуревиќ
„Си
поминав прекрасно, иако да признаам бев скептик на самиот
почеток и љубопитството беше единствената движечка сила
поради која се најдов таму.
Бев воодушевена од учителот, немам сретнато до сега човек
сличен на него. Го слушав внимателно и се препознав во него.
Ме направи неизмерно среќна, ми ја врати вербата во себе!
Бев воодушевана кога говореше за вистината и за неговата
верба во истата! За моќта која таа ја поседува да продре во
сечие срце, па дури и да лекува. За тоа како добрите луѓе,
луѓето кои живеат со неа зрачат со посебен сјај и во очите
на другите се рефлектираат како такви.
Најсилен впечаток кој ќе го понесам како спомен од семинарот
и верувам дека никогаш нема да го заборавам е сознанието
дека “Вистината кажана со агресија не е вистина!”
Ме воодушеви и сознанието за лагата, за тоа дека луѓето кога
лажат, несвесно ја валкаат и својата подсвест...и својата
душа. Тие не лажат никој друг освен самите себеси, а сето
тоа ќе им се врати еден ден, зошто животот е бумеранг- како
ќе го отпуштиш така ќе ти се врати!“
Николина Филиповска
„Пријатно
е чувството да се присуствува на семинар каде што не ви
пречи што не познавате никого, што не можете да го
предвидите текот на средбата и атмосферата со која ќе бидете
опкружени, а сепак знаете дека не се наоѓате на уште едно
академско предавање, па веќе по првиот час се потврдува дека
се наоѓате на вистинското место.
Спонтаноста го исполнува просторот, а благиот глас на
учителот се поцврсто и поделотворно го буди нашиот ум, или
кај оние будните, одвреме-навреме го штрекнува, го проверува
и искушува да не се замелуши и предаде.
При една така комплексна тема како што е патот кон
разликувањето на доброто од лошото, вистинското од лажното,
искреното од неискреното, праведното од неправедното, не
може, а да не се постигне секој да се сврти длабоко кон
себе, да се всидри во своето битие и да почне да трага по
вистината, која како што кажа и учителот е внатре во нас,
ние сме направени од неа, само треба да ја препознаеме во
себе, да ја освестиме и да ја негуваме до конечното
сплотување со општата, конечната, апсолутна вистина.
Оваа средба, дефинитивно, беше едно колективно полнење со
позитивна енергија и стремеж кон вистинските вредности во
нас, енергија која не штити, е самообновувачка и може уште
долго да ни трае во секојневието.“
Марија Саревска
|
|
|
|
ПРЕДАВАЊЕ
Јога -
пат до совршено здравје
15 март
2008,
Штип
|
|

Предавањето
се одржа во градската библиотека “Гоце Делчев”.
Предавач
беше д-р Благоја Ѓорѓиески, инструктор по јога и спец.
физијатар
 |
|
АКТИВНОСТИ ВО ПЕРИОДОТ ЕСЕН/ЗИМА 2007
НАСТАВНИ СЕМИНАРИ
Семинар со учителот
На
29
декември во Скопје,
учителот Павлос К.
Хасанагас одржа семинар за наставниот кадар на Јога-сојузот,
со кој
беше одбележан и почетокот на работата на новиот Центар за
интегрална јога во Скопје.
Семинарот претставуваше надоврзување на претходниот.
Наставните тимови од секое друштво презентираа и анализираа
концепти за специјализирани и терапевтски програми за различни
целни групи
(бремени
жени,
деца,
тинејџери,
лица
во третата доба,
бизнисмени,
лица
со белодробни заболувања,
сколиози и други деформитети на 'рбетот).
На семинарот,
Мартина Самарова од Радовиш,
која
последната година практикува јога во Атина под водство на
учителот Павлос,
беше
воведена во процесот на обука за наставник по јога.
Семинар со професорите
На
24
ноември во Скопје,
наставниот кадар на Јога-сојузот
на Македонија,
учествуваше на наставен семинар под водство на професорите по
јога Ванчо Тасески и Стеван Милиќ.
Семинарот,
организиран во форма на работилиница,
беше
посветен на процесот на конципирањето на курсевите и на
изработката на структурална анализа на курсевите.

|
|
СЕМИНАР СО УЧИТЕЛОТ
Вивека
-
патот на умот од заблуда до разликување
23
декември 2007, Прилеп
На
семинарот се говореше за начинот на едуцирањето на умот во
насока на развивање на неговата способност да разликува,
односно да ги препознава вистинските вредности.
Тоа е
процес во кој човекот добива целосен увид,
неусловена и неискривена перцепција за работите во него и
околу него.
Важно е да се знае дека овој филозофски концепт има и една
многу практична димензија
-
секој
од нас,
во
секој момент од животот е соочен со избор што треба да се
направи,
и од
клучно значење е способноста за соодветно и ефикасно расудување.
Низ
дискусија со учесниците и едноставни примери
во последниот дел на семинарот учителот го потенцира токму
овој аспект на вивека.

|
|
СЕМИНАРИ ЗА ПРАНАЈАМА И
ПРАНАМАЈА-КОША
На
18
ноември во Струмица,
и на
30
ноември во Велес,
професорот по јога Ванчо Тасески одржа семинари за
практикантите на Јога-секцијата
-
Струмица и Јога-друштвото
-
Велес.
Семинарите се состоеја од два дела.
Во
првиот дел учесниците детално беа запознаени со теоријата на
пранајама
и
усовршувањето на јогиските техники за дишење.
Овој
дел имаше и искуствен сегмент кој се состоеше од практична
работа на подготвителни техники за пранајама.
Во вториот дел,
професорот Тасески говореше за
пранамаја-коша,
енергетскиот систем на човекот,
за
неговата суптилна структура и за поврзаноста на овој систем со
јогиската практика.

|
|
НОВИ ЈОГА-СЕКЦИИ
ВО КАВАДАРЦИ И ВО БОГДАНЦИ
Изминатата есен почнаа со работа
две нови секции во рамки на Јога-сојузот.
На
барање на повеќе граѓани од Кавадарци го организиравме првиот
двомесечен курс по јога под водство на инструкторот Анастазија
Терзијева-Илиева.
Искуствата на практикантите беа позитивни,
а
активностите на секцијата се планира да продолжат напролет.
Дел од практикантите,
пак,
кои ги
посетуваа часовите што ги организира Јога-секцијата
во Гевгелија изразија интерес и за курсеви во Богданци.
Работата на оваа секција започна со јавното предавање на тема
Што
претставува јогата и што може да ни даде,
кое на
17
ноември го одржа професор Ванчо Тасески.
Часовите се одржуваат во гимназијата во Богданци,
а ги
води Љуба Петкова.

|
|
СЕМИНАР
СО УЧИТЕЛОТ
по повод 20 години Јога-друштво - Битола
Јога - од теорија до практика
Нашиот живот низ призмата на спиритуалноста
14 октомври
2007,
Битола
Со помош на јогата човекот
добива можност во него природата сама себеси да се доживее и
да се реализира. Тоа е неверојатна работа, човекот да може да
погледне во себе и да се види себеси и сето она што стои зад
него како Природа. Таква можност битолчани добија пред 20
години, кон крајот на 1987 година, кога се одржа основачкото
собрание на Јога-друштвото - Битола, а набргу потоа беше
организиран и првиот почетен курс по јога.
И така започна сè... Поминаа
многу почетни, средни и напреднати курсеви, специјализирани
курсеви за деца и за трудници, воведни предавања, трибини,
изложби на фотографии, семинари....
Во изминатиов период учителот Павлос Хасанагас има одржано
неколку семинари во Друштвото, а во чест на големиот јубилеј,
на 14 октомври одржа еднодневен семинар на тема: Јога - од
теорија до практика - нашиот живот низ призмата на
спиритуалноста. Во пријатен и релаксирачки амбиент уште
еднаш имавме несекојдневна можност да бидеме блиску до учењето
и до учителот и во тие пет часа да се обидеме малку да
застанеме и да ги погледнеме животот и нештата што ни се
случуваат од малку поинаков агол.
Слушнавме за јогата понатаму од асаните и медитацијата, за
стравот и за соочувањето со него, за прифаќањето и
сочувството...
Учителот ја нагласи важноста на соочувањето со клешите
(пречките
на јогискиот пат),
особено со стравот од смртта,
кој е
коренот на сите други стравови.
Како
различни видови практика на соочување со себеси ги претстави и
елементите на аштанга-јогата
на Патанџали.
Семинарот предизвика жив интерес кај присутните,
особено кај оние што прв пат имаа можност да се сретнат со
учителот.

|
|
|