|
ШКОЛА
ЗА ОБУКА НА НАСТАВНИЦИ
Составен
дел на една сериозно организирана Школа за јога е обуката
на соодветен наставен кадар. Личната практика и знаење
се едно, но пренесувањето на тоа знаење и водењето на
други луѓе бара соодветен приод и методологија.
 
Курс за демонстратори со Одбрана на
семинарски труд
учителот Павлос
Хасанагас, 1982
за наставно звање, 1999
Обучувањето на наставниот кадар од страна на Павлос К.
Хасанагас официјално започна во 1980 година. Оттогаш па
наваму активно работи Школата за обука и усовршување на
наставен кадар за јога. Школата обучува инструктори,
асистенти и медицински консултанти. Обуката се одвива по
пат на организирање на наставни курсеви и наставни
семинари, полагање на соодветни испити, практично учество
во спроведувањето на наставата и подготвување на трудови
од областа на наставната методологија. Досега се одржани
бројни наставни курсеви и наставни семинари под водство
на Павлос К. Хасанагас и на постарите наставници.
Активниот
наставен кадар на Сојузот се состои од двајца професори
по јога, осум инструктори, еден асистент-инструктор,
три асистенти и четворица медицински консултанти
кои работат во сите центри и секции при Сојузот.
 
Одбрана на
семинарски труд Семинар за
асистенти
за наставно звање,
1994 со учителот Павлос,
2001
Личното
усовршување е првиот и неопходен дел од обуката на еден
наставник по јога. Целокупната наставна материја може да
се надгради доколку основата и личната надградба на
наставникот се силни и постојани. Затоа обуката не зависи
само од положените испити.
Во таа
смисла секој наставник и понатаму продолжува да учи и
постојано себеси да се надградува.
Како и
во секоја друга традиција така и во јогата суштината е во
способноста на
пренесување на знаењето од страна на учителот и во моќта
на приемчивост на ученикот. Дејствуваат взаемно, едниот
без другиот не можат да дејствуваат. Главната грижа на
учителот е да му помогне на ученикот додека самиот не
застане на свои нозе, иако тој
однос
може и да нема временски граници.
За
пренесувањето на знаењето и за улогата на учителот и ученикот
во Таитрија Упанишада
е запишано:
"Да бидеме
обајцата заштитени,
да ги поделиме резултатите на нашето заедничко дејствување.
За да ги постигнеме овие резултати,
да вложиме заеднички напори, да работиме заедно.
Нашите напори на подучување и учење да бидат
успешни.
Да нема недоразбирања меѓу нас,
учителот од една, а ученикот од друга страна.
Целиот процес нека биде во мир, благослов,
среќа на сите
нивоа: физичко, ментално и духовно"
|