▪
На 18 март 1978 учителот го одржа
првото јавно предавање во Скопје, а потоа започнаа и првите курсеви во тогашниот Клуб
за меѓународно пријателство, организирани од Секцијата за хата-јога.
Првите три години курсевите ги посетија околу 300 практиканти.
▪
На 20 март 1981 година секцијата
прерасна во Јога-друштво – Скопје,
првото друштво во Македонија. Основачкото
собрание се одржа на
Архитектонскиот факултет во Скопје.
Во рамки на манифестацијата „Недела на
јога“ во изминатите 25 години
се одржани голем број јавни предавања,
семинари, трибини, слајд-проекции,
музичко-поетски вечери, излети во
природа, а реализирани се и десетици учества на саемите на книга и медицина.