|
ОД СВАТМАРАМА СО KОМЕНТАРИ „ЏЈОТИШНА“ НА БРАМАНАНДА
Хата-јога прадипика е еден од најважните класични списи за хата-јогата,
дело што најмногу го цитираат оние
што го проучуваат ова древно знаење. Првпат е преведен на англиски јазик во 1893 година и оттогаш е издаден на многу јазици, а сега првпат и на македонски во издание на Јога-сојузот на Македонија.
како систем за духовен развој, во кој преку телесна практика, контрола на праната и будење на кундалинито, може да ја достигнеме највисоката духовна состојба. Поради начинот на кој е напишан и поради суптилноста на материјата, ова е текст наменет за искусни практиканти, кои низ него ќе се движат внимателно, со стрпливост и без инсистирање сè да разберат одеднаш. Со помошта на својот учител ќе се обидат да го протолкуваат и притоа да ги избегнат сите интелектуални стапици. За нив ова дело ќе биде инспирација и можност за нови сознанија и за подлабоко разбирање на нивната духовна практика. Издадена: 2011 година фотографии од промоцијата >>> ВО ПРОДАЖБА ВО Кафе-книжарница ТРИ во ГТЦ, во Табернакул и во центрите во Јога-сојузот
|
|||||||||
|
KНИГА ОД УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС K. ХАСАНАГАС
Ова е книга за теоријата на практиката, материја што многу ретко се среќава во јогиската литература. Во неа за првпат се изложени елементи од оригиналната методологија во пренесувањето на јогата на учителот Павлос К. Хасанагас, која ни открива дека секој момент од практиката е можност да се поместат ограничувањата, можност за надворешно и внатрешно култивирање и постојано движење кон состојбата на повисока свесност.
Но ова не е книга само за хата-јогата. Таа всушност го отсликува нејзиното место и улогата во системот на интегралната јога на учителот. Во неа тој ја објаснува врската на хата-јогата со раџа-јогата, зборува за суптилните димензии и за дејствата на техниките и ни ги открива улогата и важноста на телото и умот како инструменти на патот на духовната еволуција.
Се надеваме дека на практикантите и на наставниците по јога таа ќе им помогне да ја разберат подобро јогата и да го најдат полесно начинот како телесната практика да ја трансформираат во духовна.
Издадена: 2010 година фотографии од промоцијата >>> ВО ПРОДАЖБА ВО Кафе-книжарница ТРИ во ГТЦ, во Табернакул и во центрите во Јога-сојузот
|
|||||||||
|
KНИГА ОД УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС K. ХАСАНАГАС
Кога некој почнува да се занимава со јога, тој тргнува на една духовна одисеја, на едно патување навнатре, во кое „Итака“ се неговото срце и душа, а патот на нивното облагородување врви низ откривањето на невидливото, на духовното.
Книгата е приказ на автентичниот начин на кој учителот Павлос К. Хасанагас ја толкува и пренесува јогата веќе 40 години. На разбирлив јазик, низ едноставни примери, тој ни говори за филозофската димензија на јогата, објаснува како низ синтезата на разните видови јога отпочнува и се одвива духовниот развој, но пред сè укажува на можноста за интеграција на ова комплексно знаење во животот на секој човек.
Книгата не е наменета само за практиканти на јога, туку е за сите оние кои се прашуваат и кои бараат, затоа што учителот му се обраќа на нашето срце многу повеќе отколку на нашиот интелект, за да го разбуди повторно она интуитивното, она повисокото во нас.
Издадена: 2009 година фотографии од промоцијата >>> Се надеваме дека таа ќе биде од оние книги после чие читање веќе нема да бидеме истите, книга на која често ќе и се навраќаме за да се откриеме повеќе и да се разбереме подобро.
КНИГАТА Е РАСПРОДАДЕНА!
|
|||||||||
|
© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |
|||||||||