|
РАЃАЊЕ
БЕЗ НАСИЛСТВО
ФРЕДЕРИК ЛЕБОАЈЕ
Книга
што воведе револуција во начинот
на кој нашите деца доаѓаат на овој свет
ПРВ
ДЕЛ
Да
се родиш значи да страдаш.
Готама
1
Дали сметате дека на бебињата им се допаѓа раѓањето?
Како мислите, дали им се допаѓа?
Токму она што велам. Дали сметате дека децата се радосни
што
доаѓаат на овој свет?
Среќни? Па новороденото бебе не чувствува ништо.
Па така не
е нити среќно нити несреќно.
Од каде го знаете тоа?
Па, тоа е очигледно. Секој го знае тоа.
Тоа не е баш некоја причина, нели?
Претпоставувам дека имате право. Но без разлика, тие во суштина
не гледаат ниту слушаат добро, нели?
И по тоа мислите дека ништо и не чувствуваат?
Се разбира дека не чувствуваат.
Тогаш зошто плачат толку горко?
Па тоа е за да си ги прошират белите дробови, нели?
Да си ги прошират белите дробови! Тоа не објаснува речиси
ништо. Во името на Бога, немојте да ми речете дека никогаш
немате слушнато новороденче како плаче!
Да, се разбира дека имам слушнато. Но тоа не мора да значи
дека страда.
Дали сметате дека на тој начин го изразува своето задоволство,
својата радост што е со нас?
Мислам дека не се работи ниту за едното ниту за другото. Ви
реков, бебињата не чувствуваат ништо.
Што е тоа што ве прави толку сигурен, ако смеам да ве прашам
уште еднаш?
Па, како прво, тие се толку мали, мислам, на таа возраст...
Како може една интелигентна личност како вас да рече такво
нешто? Божем големината воопшто има некаква врска со тоа.
Мали!
Што се однесува до возраста, дали имате заборавено дека колку
сте помлади толку поинтензивно чувствувате? Малите деца страдаат
за работи што за нас се сосем тривијални зашто тие чувствуваат
илјада пати повеќе од нас. Тоа е благословот и наедно проклетството
на нивната возвишена чувствителност.
Па, можеби сте во право. Но како и да е, се уште е тешко да
се сфати дека можат да чувствуваат, сакам да речам дека во
тој стадиум не постои вистинска свесност, зар постои?
Свесност? Сметате дека немаат душа?
Не, не. Не мислам на душа. Не знам ништо за душата.
Но свесност? Знаете за свесноста? Одлично! Конечно најдов
некого што може да ми ја објасни оваа голема мистерија. Пријателе,
на колена сум. Кажете ми, ве молам, кажете ми. Што е свесноста?
Па... всушност... Па, гледате... па... свесноста...
ТРЕТ
ДЕЛ
Одговорот
се наоѓа во прашањето
1
Се прашувавме за тоа како најдобро да го подготвиме детето...
Сега гледаме дека детето не е оној што треба да се подготви.
Туку ние самите.
Нашите очи се оние што треба да се отворат,
нашата слепост е онаа што треба да се прекине.
Кога би употребиле само малку интелигенција,
колку едноставни би биле нештата.
2
Накратко, се започнува како парадокс.
Детето било в затвор,
и штом е ослободено,
вика!
Велат дека тоа често им се случува на затворениците.
Ги отвораат вратите на ќелиите,
и слободата ги дезориентира,
ги излудува!
Всушност почнуваат да се однесуваат како да им недостигаат
келиите,
затворот, и би сакале повторно да бидат затворени!
И несвесно прават се
што можат за да се најдат повторно сигурни зад решетките!
На ист начин, гледајќи го новороденото бебе во паника
поради својата слобода, сакате да му речете:
Зошто плачеш?
Изгледаш толку бедно, а би требало да се радуваш!
Обиди се да разбереш што се случи,
за да можеш да уживаш во својата нова слобода!
Почувствувај како можеш да се растегнеш,
да играш и да се движиш наоколу!
Зошто плачеш?
Во тој
момент изгледа дека се е во состојба на
комплетна конфузија, речеси невозможно да се поправи.
А сепак се е толку едноставно.
Како што ќе видиме.
За да комуницираме
треба да му зборуваме на детето на јазик
што може да го разбере, на јазик што не се засновува врз зборови,
а сепак може да биде разбран од секого.
Љубов.
Зборувајте му... на новороденчето... со јазикот на љубовта!
Па да, се разбира!
На кој друг начин комуницираат љубовниците?
Ништо не зборуваат, едноставно допираат.
Бидејќи се скромни и срамежливи, ја одбегнуваат светлината,
повеќе им се допаѓа темнината, ноќта.
Во темнина, во тишина, тие
посегаат еден кон друг, обвивајќи ги рацете еден околу друг,
повторно го создаваат стариот затвор,
во кој се чувствуваат сигурни, заштитени
од надворешниот свет.
Нивните раце зборуваат,
и нивните тела разбираат.
Тоа е начинот
на кој треба да му се зборува на новороденчето:
Во тишина и во темнина,
со раце нежни и полни со љубов,
што смируваат и се движат бавно,
со текот на времето, со неговото дишење.
Но да тргнеме
со ред,
речиси сетило по сетило.
3
Да почнеме со видот.
Како и љубовниците, да ги придушиме светлата.
Кој би можел да води љубов под рефлектор?
Затоа, да го оставиме само потребното светло - на пример,
свеќа -
за да може лекарот да гледа.
Колку мирно, колку смирувачко е тоа полусветло,
и толку во согласност со внатрешната тишина на мајката.
4
Сега слухот.
Ништо не е поедноставно; се што треба да направиме е
да бидеме тивки.
Едноставно?
Можеби не е толку едноставно како што изгледа на прв поглед.
Умот е толку бучен.
Не е секогаш лесно да се биде тивок во друштво
на други.
Човекот има тенденција да размислува и чувствува порив да
го каже тоа.
А сепак, само кога го свртуваме вниманието кон другиот,
и кон нашата длабочина, можеме да го искусиме она што се наоѓа
зад зборовите.
Но тишината не е нешто што ни доаѓа спонтано,
ние би требало да ја бараме и да ја повикаме длабоко од нас.
Како што
наближува крајот на породувањето, многу малку зборови треба
да бидат кажани во собата.
Во тишината можете да почувствувате дека доаѓате многу блиску
до нешто многу важно.
Тишината ќе биде како мирот што слегува во собата на човекот
што умира.
Можеби ист праг минуваме
кога доаѓаме и кога заминуваме.
Една таква,
речеси допирлива тишина има многу моќен
ефект врз детето, иако не може да се објасни како или зошто.
Сепак, таа ја растерува паниката,
го запира стравот што чека да се разбранува во детето.
Се разбира, некогаш е потребно да се рече нешто,
да се даде инструкција.
Тоа треба да се шепоти, да биде речеси нечујно.
5
Оваа едукација, оваа иницијација во тишината е
исто толку неопходна за сите оние што
се близу до жената кога раѓа: гинекологот, бабицата, сестрите.
Луѓето имаат тенденција да зборуваат гласно во салата за породување,
често извикувајќи зборови на охрабрување:
уАјде, напни! напни!у
Тоа е сосем погрешно.
Замслени како охрабрување, овие гласни потикнувања
се многу вознемирувачки за мајката.
Зашто жената што се пораѓа се наоѓа во една, би можеле да
речеме, изменета состојба на свесност и е хиперсензитивна
на најмал шум или движење околу
неа.
6
Темнина, или речеси темнина, и... тишина.
Длабок мир се спушта во собата.
Може да се почувствува почитта која природно го следи доаѓањето
на бебето.
Никој не вика в црква.
Секој спонтано го снижува гласот.
Ако постои нешто како свето место, тоа е сигурно собата во
која треба да влезе детето.
Пригдушено
светло, тишина... што друго е потребно?
Трпение.
Или, подобро, чувството дека треба да се забави и со тоа да
се влезе во друг ритам; во еден длабок ритам на животот,
со кој мајката спонтано се усогласува
и кој истовремено е ритамот на детето.
Доколку
не ја предизвикате таа неверојатна отпуштеност во вашето тело,
невозможно е да го разберете раѓањето. Невозможно е да го
сретнете новороденчето под негови услови. За да стигнете до
тоа длабоко разбирање, за да стигнете до местото каде што
би го сретнале детето, треба на еден начин да истапите од
времето.
Да истапите од нашето време.
Овде мислам на нашиот силен, познат осет
за тоа како времето тече, со неговата привидна брзина со која,
барем како што нам ни изгледа, тоа тече.
Нашиот осет за времето и осетот за времето на
новороденото бебе се практично непомирливи.
Едното е состојба на речиси статичност,
другата состојба, нашата, често е бесен немир,
близок до лудило.
Покрај тоа, ние, возрасните, не сме никогаш тука.
Секогаш сме некаде на друго место.
Во минатото, во нашите спомени.
Во иднината, во нашите планови.
Секогаш гледаме назад, кон она што е веќе завршено,
или напред, кон она што допрва треба да се случи.
Никогаш не се сосредоточуваме на тука и сега!
Па сепак, ако имаме воопшто надеж повторно да го откриеме
новороденото бебе,
треба да истапиме од нашето време кое бесно лета.
Што изгледа невозможно.
Како можеме да излеземе од времето?
Како можеме да избегаме од неговиот брз и луд тек?
Единствениот начин е да се обидеме да бидеме наполно во сегашниот
момент.
Да, да се биде тука и сега, како да не постои вчера, ни утре.
Да се дозволи да се појави која било мисла дека моментот ќе
заврши, дека не очекува една друга средба, е доволно да ја
скрши магијата.
Како што е вообичаено, се е многу едноставно.
И привидно невозможно.
Како да помириш нешто што е непомирливо?
Како може конечното да се комбинира со бесконечното?
Тоа може да се случи единствено ако наполно се отвориме кон
другиот,
што значи наполно да се заборавиме себеси.
7
Сега сцената е подготвена.
Светлата се придушени.
Завесата може да се подигне.
Детето може да се појави.
Конечно е тука.
25
Колку е импресивно да се гледа како детето широко ги отвора
очите, почнува да го чувствува она што е околу него, го истражува
сето она што го опкружува.
И сето тоа го прави без паника, без солзи.
Напротив, со сериозност, со таква значајност што е тешко да
се поверува.
Да, тоа дете е навистина како мудар човек, древна душа,
зашто се што прави го прави со целосна свесност.
Но исто така, се чини дека истовремено нешто зрачи од детето.
Се чини дека зрачи мир, спокојство, дека е доведено некаде
од многу далеку.
Зборовите на Лао Це доаѓаат во умот:
Оној што
поседува доблест во изобилство, Светиот човек, е како новородено
бебе.
Но што
е таа доблест?
Нема никаква врска со моралноста, со чесноста.
"Виртус" на латински значи храброст, виталност,
смелост.
Она што во Јапонија и во Кина се нарекува чи,
а во Индија, шакти.
Тоа е таинствената, тивка моќ на зен-мајсторот,
вистинскиот мајстор на борбени вештини, или светец.
Оној што
е доволно сензибилен да почувствува,
нека почувствува,
тоа е таа доблест,
таа милост,
таа чи, таа шакти
што тече тивко,
сјае како благослов
од новороденчето.
ЧЕТВРТИ ДЕЛ
Во потрагата по знаењето
човекот секој ден знае се повеќе.
Во потрагата по патот
човекот секој ден прави помалку.
Се помалку и помалку, и
на крајот не прави ништо.
А кога некој не прави ништо
не постои ништо
што останува незавршено.
Тао
Те Кинг
10
Можеби го имаме изгубено нашиот осет за едноставност.
Кога еднаш ќе ја разбереме смислата на целата сторија?
Зошто да не се обидеме?
Па, потребно е... многу храброст.
Исто така, потребни ни се трпение и понизност.
Не треба да заборавиме дека тоа за детето е првото искуство
од животот.
Како што знае секој добар учител, постои едно свето право:
Правото на детето да експериментира и самото да открива.
Да, трпение, понизност и тишина,
и свесност дека новодојдениот е личност што ја среќаваме и
поздравуваме по едно речеси давење во бура.
Ах, се
разбира, и...
Љубов.
Без љубов, породилната сала може да биде совршена, со неопходната
светлина, yидовите да имаат изолација, температурата на водата
за капење да биде како што треба - а детето сепак ќе вреска.
Ако се уште постои трага од нервоза, каква било потисната
лутина во нас, бебето веднаш ќе ја забележи.
Неговиот суд е застрашувачки прецизен.
Бебето знае се. На еден свој мистериозен начин. Регистрира
се, гледа директно во нашето срце, ја знае бојата на нашите
мисли, и сето тоа без да знае јазик.
Надвор
од
солзите и смеењето,
мир и спокојство,
или
како што велат во Индија,
Шанти!
Шанти! Шанти! |