|
ИЗЈАВИ НА ГИНЕКОЛОЗИ
проф.
д-р сци. З. Џиков
специјалист по гинекологија и акушерство
„Бременоста
не е болест. Таа е само една друга состојба на жената која
настанува заради повремено зголемена психичка напнатост што
се должи на широката лепеза на желби, надежи, емоции, фантазии
и стравувања.
За да се релаксира бремената жена пожелно е
да практикува јога-вежби со помош на инструктор. Континуираната
практика многу ќе и помогне во носењето на бременоста, ќе
и создаде мир и спокојство, ќе и го подобри сонот и ќе и ги
насочи мислите кон оптимизам и радост.
Освен тоа, јога-вежбите
обезбедуваат правилно дишење во текот на бременоста, ја подобруваат
еластичноста на телото, и овозможуваат полесна адаптација
на новата состојба и поголема психофизичка кондиција.
Јога-вежбите
помагаат и во текот на породувањето, преку правилно дишење,
вежби на релаксација и фокусирање на мислите кон убавината
и среќата за новиот живот што доаѓа, со што чувството на болка
се намалува и телото се полни со позитивна енергија и убави
чувства.
Затоа јога-вежбите ги препорачувам во
текот на бременоста.“
проф. д-р сци Глигор Палчевски
специјалист по гинекологија и акушерство
„Важен предуслов за нормална и хармонична бременост
е истата да биде, по можност, планирана. Доколку не е планирана,
односно неочекуваната бременост треба да биде прифатена како
добредојдена. Тоа е потребно за да жената може да се подготви
телесно, психички и ментално, како и економски и социјално
за бременоста, раѓањето и за новороденчето.
Една од тие должности е и психофизичката подготовка на бремената
жена, што се состои од курсеви за: информирање за зачнувањето,
за текот на бременоста и за периодите на раѓањето. Во оваа психофозичка подготовка спаѓаат и разните вежби кои треба
да се изведуваат под стручен надзор. Во психофизичката подготовка
на бремената жена спаѓаат и јога-вежбите. Во народот не е
доволно објаснето и јасно дали јога-вежбите може и треба да
ги применуваат и бремените жени, а посебно оние кои боледуваат
од поедини болести, кои не се во врска со бременоста, како
на пример, дијабетес. Одговорот е: ДА.
Целите на јога-вежбите речиси во целост се поклопуваат со
психофизичката подготовка на бремените жени. ОТТУКА И ОПРАВДАНОСТА
ЗА ПРИМЕНА НА ЈОГА-ВЕЖБИТЕ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА. Со нив
се постигнуваат следните цели:
-
Урамнотежување на метаболизмот
-
Стекнување свест за телото и за одржување на телото во добра
форма
-
Стекнување на свест за дишењето, особено за правилното
дишење и контрола на дишењето во секој период од раѓањето,
што претставува предуслов за безболно и пократкотрајно
раѓање
-
ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СТРАВОТ ОД ЧИНОТ НА РАЃАЊЕТО
-
Во народот направилно прифатените ставови за родилните
"болки" со јога-вежбите, како и со психофизичката подготовка
се корегираат; се стекнува свест за правилно и интелигентно
интерпретирање за стегањето на матката како
родилни-маткини-контракции, неопходни за истиснување на
плодот од матката, а не да се сфаќаат како болки
-
Искуството
недвосмислено покажува дека кај бремените жени што се информирани
и кои што вежбале, раѓањето се одвива без вознемиреност
и без викање, за разлика од оние родилки што не се информирани
и кои не вежбале, кај кои раѓањето се одвива некоординирано,
со изразита вознемиреност, со несоработување и со продолжено
време на раѓање.
-
Рационално
користење на енергијата и свесно синхронизирање на дишењето
со стегањето на волевата мускулатура на стомачната преса
и на мускулатурата на перинеумот.
Врз
основа на ова, го давам следново МИСЛЕЊЕ:
БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ МОЖАТ И ТРЕБА ДА ПРАКТИКУВААТ ЈОГА-ВЕЖБИ КОИ
ТРЕБА ДА БИДАТ ВОДЕНИ И КОНТРО-ЛИРАНИ ОД СТРУЧНИ ЛИЦА.
ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ВЕЖБИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ДОБРО ДОЗИРАН ВО
ЗАВИСНОСТ ОД МЕСЕЦОТ НА БРЕМЕНОСТА И ОД ВИДОТ НА ЕВЕНТУАЛНО
ПОСТОЈНОТО ПРИДРУЖНО ЗАБОЛУВАЊЕ.“
|