|
ИЗЈАВИ НА МАЈКИ
|
Анастазија Терзијева-Илиева
инструктор
ВО Јога-сојузот. јога практикува од 1993
г. Се породи в0 2001
година. Изјавата е дадена два
месеци по породувањето:
"Кога
останав трудна, имав претходно искуство во јога седум
и пол години.
Иако во текот на бременоста телесната тежина се зголеми
18 килограми, се чувствував лесно благодарение на асаните.
Тие придонесоа и да ја задржам еластичноста и цврстината
на мускулатурата. Не се чувствував уморно благодарение на техниките на релаксација
што ги применував кога имав потреба. Со примена на
комплетното
јога дишење и на другите техники на пранајама, освестував
како плодот постојано има квалитетен прием на кислород.
|
|
|
Во моментите на немир и неизвесност што се јавуваат поради
зголемената чувствителност и неодговорените прашања, ми
помагаа техниките на концентрација и медитација.
Во тивките моменти на практика на медитација, го
чувствував бебето и радоста што ме обземаше. Релаксацијата
и дишењето ги применував при породувањето, проследено со
максимална свесност за се што се случуваше.
Денес кога го гледам моето бебе среќно и задоволно, знам
дека тоа е одраз на тоа што јас го чувствував во пренаталниот период."
|
|
Оливера
Митревска-Вељковиќ
инструктор при Јога-сојузот на Македонија јога
практикува од 1992 година. се
породи 1999 година:
"Јас
сум пречувствителна на болка. Па може
да се претпостави
колку се плашев
од породувањето. Но се превоспитав себеси дека тоа не се
болки туку се контракции. Тогаш ја сфатив вистинската моќ
на техниките за дишење во контролата на тензијата, односно
отпуштеноста.
Една книга за безболно породување што ја читав многу ми
помогна, но тука пресудно значење имаше знаењето во јога,
зашто видов дека десетици жени со кои сум разговарала, а
кои ја прочитале истата книга ништо од тоа не добиле.
|
|
|
Јогата ми помогна да го доживеам раѓањето како нешто
најубаво што може да се и случи во животот на една жена."
|
|
 |
Симона Стефоска
се породи 1999 година
"Со
јога вежбите започнав во крајот на 5-от месец на
бременост. Часовите по јога делуваа смирувачки за мојот
дух а од друга страна ме одржуваа и во физичка кондиција.
Болките во половината скоро исчезнаа. При породувањето не
дозволив болката при контракциите да |
ме
води, туку свесно минувавпреку неа, за да моментот по контракцијата спремно го
дочекам за релаксација. Научените техники на кратка
релаксација и дишење, ги користев при породувањето, но
и по него. На тој начин успевав смирено да се
прилагодам на новата околина и начин на живот."
|
|
|
|
Наташа Ивановска
Јога практикуваше месец и половина
"На часовите по јога и по нив се чувствувам многу убаво,
препородено. Не знам како ќе помине породувањето и се
надевам дека вежбите ќе ми помогнат, но сигурна сум
дека ми помагаат сега и тоа многу. Јас се чувствувам
прекрасно, а со тоа и моето бебе се чувствува така."
По
породувањето: "Породувањето помина природно, брзо и лесно. Многу
ми помогнаа
правилното дишење и релаксацијата, но и тоа што свесно го следев
целиот процес. Многу сум благодарна за психофизичката подготовка
што ја добив со практикува-њето на јога-техниките. Мислам дека
тоа беше пресудно за моето лесно породување."
|
|
|
|
Соња
јога практикуваше месец
и половина
"Големо изненадување за мене беше тоа што освестив дека
комуникацијата со моето бебе почнува уште сега додека тоа
е во мојата утроба. Порано никогаш не сум размислувала за
тоа. Многу важно за мене е и тоа што почнав да се соочувам
со стравот од породувањето и тој почна да се намалува." |