ШТО Е ЈОГА?
Јогата е наука за човекот и за животот во целина.
Му помага на човекот да се запознае себеси, да се разбере, да
постигне самоконтрола; го хармонизира со природата и со средината
во која живее.
Го одржува здравјето, овозможува правилен тек на енергијата,
ја одржува смиреноста и отпуштеноста и преку тоа се совладуваат
стресот, напнатоста и заморот на секојдневието. Претставува
метод на психофизичка едукација кој содржи разновидни техники:
Асани
(Asana) - телесни положби
Пранајама
(Pranayama)
- техники на дишење
Банди
(Bandha)
- невро-мускуларни контракции
Мудри
(Mudra)
- техники за канализирање на енергијата
Крија
(Kriya)
- техники на внатрешно прочистување
Техниките на релаксација, концентрација, визуелизација и медитација
ги хармонизираат психоменталните функции на човекот и носат
духовно спокојство.
Техниките
се одбрани и прилагодени на овој чувствителен период од животот
на жената. Се работи по методологијата на УЧИТЕЛОТ ПАВЛОС
К. ХАСАНАГАС. Програмата се
спроведува од наставници по јога што се посебно обучени за
оваа област.
|