За нас

Курсеви

Списание

Истражувања

 ENG

 

 

 

Драги мајки, 

Девет месеци ќе бидете дом на вашето бебе, дом во кој треба да се чувствува удобно, пријатно и сигурно. Девет месеци тоа ќе биде вашиот животен партнер, девет месеци заедно ќе делите сé. Тогаш направете овие девет месеци да бидат најубавите во вашиот живот, не само за вас туку и за вашето бебе. Ова време поминато заедно да биде убаво дружење, исполнето со квалитет, среќа и љубов, покажувајќи му на своето бебе уште во првите месеци дека животот е убав.

    

КАКО ЈОГАТА И ПОМАГА НА ИДНАТА МАЈКА?

Техниките се лесни, едноставни и делотворни и прилагодени на овој чувствителен период од животот на жената.  Програмата за бремени жени по која се работи во Јога-сојузот на Македонија е резултат на долгогодишно искуство и се спроведува под водство на наставници посебно обучени за оваа област. Часовите можете да ги посетувате по влегувањето во третиот месец од бременоста.

 

  ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

  • Телото се одржува во добра форма, свесноста за телото се зголемува, метаболизмот се урамнотежува

  • Дишењето се освестува и контролира, се постигнува телесна и ментална отпуштеност

  • Се развива позитивен ментален став

  • Контактот со бебето станува посвесен

ВО ТЕКОТ НА ПОРОДУВАЊЕТО

  • Подобра координација на умот со телото

  • Подобра контрола на различни групи мускули

  • Правилно користење на дишењето

  • Свесно отпуштање помеѓу контракциите и обновување на енергијата

  • Подобра соработка со лекарот   

ПО ПОРОДУВАЊЕТО

  • Побрзо враќање на телото во добра форма

  • Поефикасно справување со промените во расположението

  • Одржување на внатрешната смиреност, што се пренесува и на бебето

  • Успешно услогласување на  другите обврски со грижата за бебето и за себе

 

 

 

КУРСЕВИ ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ

се одржуваат во:


ЈОГА-ДРУШТВО - СКОПЈЕ

Центар за интегрална јога:

понеделник, среда и петок 17.00-18.10

Студио „Топ форма“: среда и петок од 19.15

Инструктор: АНАСТАЗИЈА ТЕРЗИЈЕВА-ИЛИЕВА

тел: 071/66 27 87, 075/22 36 39

e-mail: anastazija_ti@yahoo.com

 

ЈОГА-ДРУШТВО - БИТОЛА
вторник и петок од 17.45
Инструктор:
ОЛИВЕРА МИТРЕВСКА-ВЕЉКОВИЌ

тел: 075/24 78 11, e-mail: oliyoga@yahoo.com

 

ЈОГА-ДРУШТВО - ВЕЛЕС
Инструктор: АНАСТАЗИЈА ТЕРЗИЈЕВА-ИЛИЕВА

тел: 071/66 27 87, 075/22 36 39

e-mail: anastazija_ti@yahoo.com

 

ЈОГА-ДРУШТВО - ПРИЛЕП

Инструктор: д-р БЛАГОЈА ЃОРЃИЕСКИ
тел: 071/24 26 78, 075/24 26 78

e-mail: zblagoja@hotmail.com

 

ЈОГА-ДРУШТВО - СТРУГА

ЈОГА-СЕКЦИЈА - ОХРИД
Професор по јога: ВАНЧО ТАСЕСКИ
тел: 075/80 88 75

e-mail: yogastruga@yahoo.com

                  Линкови                  

 

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk