|
ИСТОРИЈА
Друштвото
е основано на 17.11.1989 година, негова цел е теоретско и
практично запознавање на граѓаните со вредностите на јогата,
сорабока со институциии во областа на образованието,
здравството, културата, спортот и граѓанските здруженија.
Досегашни
поважни активности:

-
специјализирани курсеви за деца
-
искуствата од работата со деца беа сублимирани во две научни
истражувања направени во соработка со Научно –
истражувачкиот совет при Јога сојузот на Македонија.
Едната студија на тема „Јога за деца на училишна
возраст“ е презентирана на 5.Светски
конгрес за јога и холистичка медицина, 1994 год. во Анси,
Франција и на Првиот научен собир за јогата со меѓународно
учество „Науката и духовноста на крајот на 20-от век“,
одржан во јуни 1997 год.во Охрид.
Втората студија на тема „Примена на јогата во подобрување на
психофизичкиот развој на децата во основното образование“ е
изработена во ноември 2009 год. Проектот кој опфаќаше
практичен тримесечен курс за деца и истражување, беше
поддржан од Фондацијата за развој на локалната заедница –
Штип.
-
специјализирани курсеви за јогиска релаксација со антистрес
програм
-
специјализирани курсеви за јогиска концентрација и
медитација
-
многубројни јавни воведни предавања
-
циклус
емисии за јога на Радио Штип
-
гостување
во емисии на Радио Канал 77
-
емисии за
ефектите од јога и активностите на Јога друштво – Штип на ТВ
Теко, ТВ Ирис и ТВ Стар
-
организирање на изложба уметнички фотографии на тема јога,
во Домот на културата „Ацо Шопов“, во 1994 г.
-
промоција
на списанието „Јога-здравје
и хармонија“ во Безистенот, во
рамките на Штипско културно лето во 1995 г.

-
во
рамките на одбележувањето на 20–годишнината од работењето на
Друштвото, во големата сала на Советот на Општината, се
одржа еднодневен семинар со Учителот
Павлос К Хасанагас во октомври 2009 г.
-
промоција
на книгата „Јога – духовна одисеја“ од Учителот Павлос К.
Хасанагас во градската библиотека, во февруари 2010
г.
|