За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN


  • Јога-друштво - Скопје >>>

  • Јога-друштво - Прилеп  >>>

  • Јога-друштво - Битола  >>>

  • Јога-друштво - Велес  >>>

  • Јога-друштво - Штип  >>>

  • Јога-друштво - Струга  >>>

  • Јога-друштво - Струмица >>>

  • Јога-секција - Охрид  >>>

  • Јога-секција - Гевгелија >>>

  • Јога-секција - Валандово  >>>

  • Јога-секција - Кавадарци  >>>  

  • Јога-секција - Неготино >>>

  • Јога-секција - Кичево >>>

  • Јога-секција - Богданци  >>>

  • Јога-секција - Куманово  >>>

 

 

 

 

ЈОГА-ДРУШТВО - СКОПЈЕ

 

 

ИСТОРИЈА

ЈОГА-ДРУШТВОТО - СКОПЈЕ своите никулци ги има во време кога значењето на поимот "Јога" беше само во далечно насетување во едно хибридно општество каква што беше бившата југословенска држава.

Првите практични и теоретски часови по јога на ова тло ги промовираше учителот Павлос К. Хасанагас со неговото доаѓање во Скопје, 1972 година. Шест години подоцна, во март 1978 во Клубот за меѓународно пријателство се одржаа првото јавно предавање и првиот официјален курс по јога, што го посетуваа педесеттина практиканти.


Павлос К. Хасанагас во Клубот за меѓународно пријателство,
Скопје, 1978
година

Овие почетни чекори ентузијастички ги одржуваше учителот Павлос со асистенција на д-р Амалија Паруси, една од неговите први ученици. Веќе во 1981 година, поради зголемениот интерес, Јога - секцијата прераснува во Јога-друштво - Скопје, прво во Македонија. Основачкото собрание се одржа на 20 март на Архитектонскиот факултет.


Основачко собрание на Јога-друштво - Скопје, 20.03.1981,
Архитектонски факултет, Скопје

Друштвото организира:

  • почетни, редовни и напредни курсеви и јавни предавања за популаризација на јогата, континуирано од своето основање;
  • првиот јога-семинар (1979), првиот меѓународен семинар (1982) и првиот инструкторски семинар (1982);


Наставен семинар со учителот Павлос, Матка, 1981 година

  • Школа за обука на наставници за јога (1980), единствена кај нас;
  • првото јавно предавање за "Правилна и здрава исхрана", со д-р Амалија Паруси (1981);
  • првото јавно предавање за акупунктурата (1982, 1985) со др. Лазар Димитриев, специјалист по гинекологија и општа медицина;


Павлос К. Хасанагас, д-р Амалија Паруси и д-р Лазар Димитриев

  • првото научно медицинско истражување за јогата (1982) во соработка со Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје;
  • издавање на првиот учебник за наставници по јога (1982) и стручниот прирачник "Хата јога - водич во техниките на културата на телото и умот" (1985)
  • Иницијативен одбор за формирање на Јога-сојуз на поранешна Југославија (20.11.1983, Белград) на што претходеа низа средби на центрите од Скопје, Белград, Нови Сад, Суботица, Вршац, Заграб, Пула и Љубљана во Белград и на семинарите во Леуново 1982/83 година.
  • Гостување на јога-учители од Индија, во Друштвото, 1982/83;
  • првите курсеви за таи чи чуан кај нас (1983);
  • терапевтски курсеви (од 1984): за кардиоваскуларни болести, за астма, за ревматизам, за рбетни и други заболувања;
  • специјализирани курсеви: за бремени жени (од 1984), за деца (од 1982), за студентите и професорите при Институтот за психологија, Филозофски факултет, Скопје (1982-84); и за работни организации (1986)


Први часови по јога за бремени жени под водство на Ирена Едровска,
Скопје, 1984
година

  • првиот јавен настап на ТВ (1986), со серија емисии што ги реализираше Ирена Едровска;
  • го иницираше и помагаше основањето на другите друштва во Македонија.

Јога-друштвото - Скопје доби сребрена плакета на Изложбата на иновации "Макинова 1987", организирана во рамките на саемот за Метали, неметали, градежништво и електроника за студијата "Работниот човек и едукацијата на неговите психофизички способности во културата на трудот"; автори: П.К. Хасанагас и И. Едровска.

Март е месецот во кој, почнувајќи од 1985 година, со манифестацијата Недела на јога традиционално се одбележува годишнината на друштвото со предавања и еднодневни семинари со учителот, трибини, слајд-проекции и излети на Водно или Матка. Гости-учесници на трибините биле афирмирани имиња од јавниот и културниот живот: професорите Олга и Светомир Шкариќ, проф. инг.арх. Живко Поповски, д-р. Љупчо Каревски, Леонид Пејсахов, Васко Ташковски, Родољуб Анастасов, а теми биле: Јогата и сликарството, Јогата и музиката, Јога за луѓето во третото доба и др. Заедничките дружења продолжуваат на слајд - проекциите каде практикантите и нивните гости имаат можност, на пример, посредно да ги разгледаат Атос и Индија. Пријатните мартовски соареа на Јога друштвото - Скопје минуваат и во знакот на музичко - поетски мигови.

1994 г. е формиран УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЈОГА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Центарот ја продолжи активноста започната 1980 година кога, под водство на учителот Павлос, се одржа првиот специјализиран курс за студентите во Студентскиот дом "Гоце Делчев" во Скопје. Одржани се неколку курса за студентите при Економскиот факултет во Скопје и еден при Факултетот за драмски уметности.

 

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |