За нас

Курсеви

Списание

Истражувања

 ENG

 

 

  

35 ГОДИНИ

ЈОГА ВО МАКЕДОНИЈА

1972 - 2007

 

Што всушност донесоа овие изминати години на полето на јогата?

Од првите индивидуални часови, од курсевите во Клубот за меѓународно пријателство на млади, до друштва и центри низ целата држава, организирани во Јога-сојуз на Македонија. Од неколкумина почетници до илјадници луѓе што поминале низ курсевите. Од еден помошник, до Школа за обука на наставници. Од копиран интерен билтен, до ценето списание. Од недоверба и сомнежи, до соработка со научни и образовни институции и меѓународни признанија...

 

  • Во десетина градови во Македонија, активно работат центри, друштва и секции, под координација на Јога-сојузот на Македонија.

  • Одржани се неколку стотици едукативни курсеви што ги посетувале илјадници практиканти.

  • Одржани се 30 меѓународни семинари и четириесетина еднодневни семинари.

  • Одржани се шеесетина наставни семинари во рамките на Школата за обука на наставници. Во Сојузот активно работат 15 наставници.

  • Одржани се стотина терапевтски курсеви (за срцеви и бубрежни болни, за респираторни заболувања и др.); специјализирани курсеви (за деца, за бремени жени, за студенти, за стари лица, за спортисти, за работни организации), како и курсеви за релаксација и медитација.

  • Издадени се 131 број на списанието ЈОГА.

  • Одржани се десетици јавни предавања, трибини и изложби на фотографии.

  • Реализирани се десетици учества на саеми (на книга, на медицина, на невладини организации, на здравје), како и стотина учества во ТВ и радио емисии, и прилози во печатени медиуми.

  • Спроведени се над 30 истражувања за јогата, презентирани на десетина конгреси во Македонија и во странство.

  • Остварена е соработка со медицински, научни и образовни институции од Македонија и од странствo.

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@mt.net.mk | www.yoga.org.mk