За нас

Курсеви

Списание

Истражувања

 ENG

 


 


31. МЕЃУНАРОДEН СЕМИНАР ПО ЈОГА

под водство на учителот Павлос Хасанагас

 

ЗА ЉУБОВТА

помеѓу митовите и вистината

 

 

И з ј а в и   н а  у ч е с н и ц и

 

Марионка Анастасовска, Јога-друштво - Велес
Првпат доаѓам на ваков семинар. Местото е прекрасно. Човек може да се осами, може да се почувствува себеси, а темата беше многу голицлива, се зборуваше за љубовта како инспирација, како создавање, како трансформација и мислам дека сите што си одат од семинарот одат полни со позитивни впечатоци.
Предавањата на учителот беа прекрасни, интерактивни, секој по нешто најде за себеси - љубовта према себеси, према блиските, према саканиот, љубовта во нас и насекаде околу нас.
Медитацииите со учителот во природа морам посебно да ги нагласам. Се почуствувавме како дел од космосот, дури ги почуствувавме и брановите од езерото како струјат низ нас. Си одиме од семинарот со пронајдени одговори, но и со пронајдени прашања за понатаму, зашто јогата е истражување, пронаоѓање на патот до себе си.

Никола Кирковски и Мишел Кузмановска,

Центар за интегрална јога, Скопје
Ова ни е прв ваков семинар, јога практикуваме 5 месеци. Искуството беше интересно и несекојдневно. Организацијата беше одлична, зашто целиот ден беше исполнет. Од учителот бев фас-циниран уште од првиот семинар на кој присуствувавме во Скопје, и затоа не би сакал ниту еден семинар да пропуштам, зашто не постои друго место каде може да се добие вакво знаење.
Прекрасно е, премногу сум задоволна, организацијата е одлична. Часовите во природа се многу поубави отколку во затворен простор. Од учителот сум импресионирана. Во се што кажа дефинитивно се пронајдов, дури и ми се плачеше на моменти, зашто кажува работи што не сакаме да си ги признаеме на себеси, а ни ги кажува дирекно, и тоа е добро, зашто ни ги отвора очите и прави да се замислиме.

Билјана Кузмановска, Јога-друштво - Струга
Ова ми е втор семинар. Се сеќавам дека минатата година си заминав со едно прекрасно чувство кое што многу долго време ме држеше. На еден начин како да ми се воозобновува енергијата на овие семинари. Впечатокот од семинарот многу се должи и на вежбањето во природа и на медитациите со учителот, ги доживувам како ослободување од многу натрупани негативни работи и нивно заменување со позитивни и пријатни чувства и со една блаженост, смиреност. Инаку, м
ногу работи за кои што сум размислувала ги слушнав на семинарот, но слушнав низ предавањата на учителот и работи кои што ме натераа дополнително да размислувам.

Маре Кимова, Јога-друштво - Скопје
Јога практикувам 8 месеци, ова ми е прв семинар. Многу ми се допадна семинарот, и неговата организација и програмата. Вежбањето во природа беше прекрасно. Медитациите ми се допадна многу. Разликата на вежбање во природа и во сала неможам да ја објаснам, треба да се доживее.
Темата ми се допадна многу и предавањата. Се најдов во многу работи и мислам дека треба да мине време, да се размислуваат работите и треба работа на себе. Вакви семинари мислам дека треба почесто да се прават, зашто се заокружување на она што го работиме во текот на целата година.

Костадинка Корнер, инструктор по јога од Германија
Доживување за себе, празник и за очите и ушите, за душата. Беше многу едноставно, многу пристапно, темата беше опиплива за луѓето. Предавањата на учителот беа лесно разбирливи, навидум не беше некоја филозофија - навидум, ако површно гледаш на работите и ако не си задлабочен. Секој момент се обидувам да го ставам “во џебови” и да го понесам со себе.


Данче Николова, Нов Зеланд
Првпат на ваков семинар присуствував пред 5 години, на Пелистер, и за сето време потоа што и да ми се случуваше во животот, секогаш се присетував на пријатното доживување од тој семинар. Тој впечаток ме натера да размислувам дека можеби е добра идеја да дојдам на одмор во Македонија во времето кога се одржува друг семинар. Освен тоа јогата ми помогна прв пат да почнам да размислувам за себеси кој сум, што сум, што правам, зошто сум тука. Некои прашања се одговорени, на некои прашања се уште немам одговори.
Предавањата на учителот оставаат незаборавни доживувања, и понатаму кога одиш низ животните ситуации во секојдневнието, се присетуваш на неговите зборови, некоја реченица од семинарот што ти оставила впечаток ќе излезе на површината, и тоа ти дава поттик да продолжиш да го живееш животот, да размислуваш за сето тоа што ти се случува.

Теодора Николова, Нов Зеланд
Дојдена сум на семинарот со мајка ми и баба ми, без никакво предзнаење, зашто моето практично искуство во јога се состои од само 2 часа. Признавам дека предходно во мојот живот не ми била воопшто важна јогата, дури и не сум ги разбирала луѓето на кои таа им значи и нивната воодушевеност од неа. Но сега после семинарот, медитациите, вежбањето во природа и предавањата на учителот, се наоѓам самата себеси воодушевена.
На почетокот некого прашував - што е тоа медитација? и ми рекоа дека не може никој да ми објасни, самата треба да разберам што е тоа. И сега навистина, иако само после 3 дена, чувствувам како да разбирам што е и затоа би сакала да продолжам со јогата и понатаму. Ми се допаѓа тоа што семинарот, иако во малку време, ми покажа многу од јогата, што ќе ми помогне и понатаму во животот.

 

 <<< фотографии од предавањата и работилниците

 

 <<< фотографии од часовите по јога и медитација

 

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@mt.net.mk | www.yoga.org.mk